Даниел Фелипе Мартинес (; р. ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

За сезоната 2021, Мартинес ќе се приклучи на екипата .

Кариера Колумбија (2015) 2015

Мартинес ја напуштил Волта а Каталуња, негова прва трка во Светската турнеја. Завршил на 84. место на Трката околу Турција.

Саутист-Венецуела (2016-2017) 2016

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016, со што возел на својата прва голема трка. Завршил на 57. место на Џиро ди Ломбардија.

2017

Учествувал повторно на Џиро д’Италија, но ја напуштил трката. На крајот на сезоната, завршил четврти на Трката околу Турција.

ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-2020)

Ја започнал сезоната на националното друмско првенство, каде завршил втор на хронометарот, зад Еган Бернал. Завршил петти на новата колумбиска трка, Колумбија Оро и Пас. Негов прв пласман меѓу првите десет во Европа бил на Волта а Каталуња, каде завршил на седмото место. Возел на белгиските класици по првпат во својата кариера, завршувајќи на 44. место на Флеш Валон и на 61. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Потоа возел на Тур де Романди и завршил на 12. место. Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018. Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав на Вуелта а Еспања 2019.

Достигнувања

2013 Панамерикански друмски јуниорски првенства 1. 15п Хронометар 2. 15п Друмска трка 2014 1. 20п Национално хронометарско јуниорско првенство 2015 1. 20п Планински пласман Рут ди Сид 8. Краен пласман Трка околу Јута 1. 20п Пласман за млад возач 2017 4. Краен пласман Трка околу Турција 1. Пласман за млад возач 7. Милано-Торино 9. Тре Вали Варезине 2018 2. Национално хронометарско првенство 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија 5. Краен пласман Колумбија Оро и Пас 6. Краен пласман Класик Колорадо 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Волта а Каталуња 2019 1. 15п Панамерикански игри - хронометар 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 7 Париз-Ница 2. Краен пласман Трка околу Гуангси 3. Краен пласман Трка околу Колумбија 1. Етапа 1 (ТТТ) 2020 Национални првенства 1. 20п Хронометар 3. Друмска трка 1. 20п Краен пласман Критериум ди Дофине 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 13 Тур де Франс 2. Краен пласман Трка Колумбија 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 6

Распоред на резултати

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка201520162017201820192020 20п Џиро — 89 СО — — — 20п Тур — — — 36 — 28 20п Вуелта — — — — 41 СОРаспоред на резултатите на етапни тркиЕтапна трка201520162017201820192020 Париз-Ница — — — — 18 — Тирено-Адријатико — — — — — — Волта а Каталуња СО — —7 —НСО Трка околу Баскија — — — — 20 Тур де Романди — — — 12 25 Критериум ди Дофине — — — — —1 Тур де Свис — — — — —НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски велосипедисти