мини|Француско-прусакта војна

Француско-пруската војна, понекогаш позната како Германско-француска војна, е име за оружeниот конфликт помеѓу 19 јули 1870 и 10 мај 1871 година кој се водел помеѓу Франција и сојузот на германските држави на чело со Прусија.

Заднина лево|мини|Наполеон III, император на Французите Причина за војната била зајакнување на влијанието на Прусија во Германија и Европа после победата во Пруско-австриската војна во 1866 година, како и создавање на Северногерманскиот Сојуз кој имал потенцијал да стане, ако биде обединет со јужниот дел на Германија, поголема сила од, до тогаш, доминантната Франција.

Непосредна причина за војна бил неуспешниот обид на пруската династија Хоенцолерн да го постави еден од своите членови на шпанскиот престол. Хоенцолерн Хоенконер отстапи по францускиот ултиматум, но Ото фон Бизмарк ја објавил целата афера во весниците во таканаречениот Емски телеграм, чиј навредлив тон ја натерал француската влада, под притисок на шовинистичката јавност да ѝ објави војна на Прусија. На Конгресот во Виена во 1815 година, Метерних и неговите конзервативни сојузници ја воспоставиле шпанската монархија под кралот Фердинанд VII. Во текот на следните четириесет години, големите сили ја поддржувале шпанската монархија, но настаните во 1868 година дополнително би го тестирале стариот систем. Револуција во Шпанија ја соборила кралицата Изабела II, а престолот останал празен. Шпанците, барајќи соодветен католички наследник, им ја понудиле функцијата на тројца европски принцови, секој од нив бил одбиен од Наполеон III.Howard, pp. 55–56. Конечно, во 1870 година Регентството му ја понудил круната на Леополд од Хоенцолерн - Сигмаринген, принц од католичката линија Хоенцолерн. Бизмарк го охрабрил Леополд да ја прифати понудата. Доколку шпанскиот крал би бил од династијата Хоенцолерн - Сигмаринген би значело дека две земји од двете страни на Франција ќе имаат германски кралеви со потекло од Хоенцолер. Можеби ова било пријатна перспектива за Бизмарк, но било неприфатливо за Наполеон III или за Агенор, војводата од Грамонт, неговиот министер за надворешни работи. Грамонт му напишал остро формулиран ултиматум на Вилијам I, како глава на семејството Хоенцолерн, наведувајќи дека доколку некој принц од Хоенцолер треба да ја прифати круната на Шпанија, француската влада ќе одговори - иако тој оставил двосмислена природа на таквиот одговор. Принцот се повлекол како кандидат, со што се смирила кризата, но францускиот амбасадор во Берлин не дозволил ова прашање да лебди во воздухот. Тој директно му пришол на прускиот крал, додека Вилијам I летувал во Емс Спа, барајќи од кралот да објави соопштение во кое вели дека никогаш нема да поддржи инсталирање на Хоенцолерн на престолот на Шпанија.Howard, pp. 56–57.Howard, pp. 55–59. Вилијам I одбил да даде ваква опфатена изјава и му испратил на Бизмарк телеграма во кое ги опишувал француските барања. Бизмарк ја искористел телеграмата на кралот како образец за кратка изјава за печатот. Со својата формулација, скратена и изострена од Бизмарк - и понатамошни измени направени во текот на неговиот превод од страна на француската агенција Хавас - телеграмата предизвикала бес во Франција, а француската јавност побарала војна.

Франција во војната влегла уверена во брза победа поради постоењето на професионалната војска која била прославена во Кримската војна, војната со Австрија во 1859 година како и во бројни колонијални движења. Французите биле наоружани со пошката „Шаспо“ која во тоа време била најмодерното стрелачко оружје во светот, а нивните сили располагале и со римитивни митралези. Од другата страна Прусите имале надмоќ во артилеријата, но главната предност била во поставувањето на главниот штаб на чело со Moltke- институција која пред тоа со години правела детални воени планови и која детално го координирала движења на војсакта, во потполност користејќи ја новонаправената железничка мрежа.

Сојузи и дипломатија

Германски држави Дипломатски и воено, Наполеон III барал поддршка од Австрија, Данска, Баварија, Баден и Виртемберг, бидејќи сите неодамна изгубиле војни против Прусија. Сепак, Наполеон III не успеа да обезбеди реваншистички сојузи од овие држави. Данска двапати се борела со Прусија за време на Првата и втората шлезвишка војна и не била подготвена повторно да се соочи со Прусија. Како дел од решавањето на Австро - пруската војна во 1866 година, биле потпишани тајни договори за меѓусебна одбрана меѓу Прусија и Баварија, Баден и Виртемберг.

Австрија и Италија Австрискиот канцелар Фридрих Фердинанд фон Беуст бил „нетрпелив да му се одмазди на Бизмарк за Садова“. Како прелиминарен чекор, Австро - унгарски компромис од 1867 година со Унгарија бил „брзо склучен“. Сепак, Австрија не ја поддржувала Франција, освен ако Италија не била дел од Алијансата. Виктор Емануел II и италијанската влада сакале да ја поддржат Франција, но италијанското јавно мислење било остро спротивставено сè додека Наполеон III имал француски гарнизон во Рим, штитејќи го папата Пиј IX, со што го негирал на Италија поседувањето на нејзиниот главен град.

Русија Покрај проблемите со кои се соочувал Наполеон III при добивањето потенцијални сојузници, Бизмарк трескавично работел да ја изолира Франција од другите европски сили. Од 1863 година, Бизмарк се обидувал да ја култивира Русија, соработувајќи, меѓу другото, во справувањето со полските востаници. Овој важен потег ја добил за Бизмарк неутралноста на Русија, доколку Прусија влезе во војна, а исто така ја спречи Австрија да заземе страна со Франција, бидејќи Австрија целосно ги поддржувал Полјаците. Кога Александар II дошол во Франција во официјална посета во 1867 година бил цел на неуспешниот обид за атентат од страна полјакот Антон Березовски. Ова искуство засекогаш ги разбило неговите ставови за Франција и во реакцијата што ја добила неговата посета видел зошто неговиот татко ги презирал Французите.

Војна врска=https://en.wikipedia.org/wiki/File:BismarckundNapoleonIII.jpg|алт=a tired sick old man in French military uniform, sitting beside an erect senior officer in Prussian uniform, spiked helmet, and sword|мини|260x260пкс|Царот Наполеон III (лево) кај Седан, на 2 септември 1870 година, седнат до прускиот канцелар Ото фон Бизмарк, држејќи го предадениот меч на Наполеон. Поразот на француската армија го дестабилизира режимот на Наполеон; револуција во Париз ја формираше Третата француска република и војната продолжи. Телеграмата „Емс“ од 13 јули 1870 година имала точно влијание врз јавното мислење на Франција што го намерил Бизмарк. Француската мобилизација била наредена рано на 15 јули 1871 година. По приемот на веста за француската мобилизација, Северногерманскиот Сојуз се мобилизирала ноќта на 15 и 16 јули 1971 година. Јужните германски држави веднаш застанале на страната на Прусија.

По тривијалната победа кај Сарбрикен, француските војски под водство на Патрис де Мак - Махон биле поразени кај Висембург и Ворт. Една француска војска под водство на Ахил Франсоа Базаин била потисната во Мец и не успеала да се извлече во двете жестоки битки Марс-ла-Тур и Гравелот. Главната француска војска под раководство на Мак - Махон најпрво се повлекла, а потоа се обидела да го помине крилото на германските сили со цел да го олесни нападот на Мец. Оваа војска била опколена кај Седан и на 2 септември 1871 година била принудена да се предаде. Францускиот император Наполеон III бил заробен и војската на Втората Империја решително поразена.

Веста за катастрофата довела до пад на цраската влада и прогласување на француската Трета република, која ќе трае сè до германската окупација на Франција во 1940 година. Новата републиканска влада сметала дека резултатите на поразот се поради неспособностите на стариот режим, па дека, како и во 1793 година, за време на Француската револуција правењето на масовна војска регрутата ќе успее да ја преокрене состојбата на бојното поле. Во текот додека се водеа преговорите со Бизмарк, министерот за внатрешни работи на француската влада, Леон Гамбета прелетал со балон преку германската линија, побегнувајќи во внатрешноста, за да би собрал доброволци. Успеал да ја формира армијата на Лоара и со неа да го освои Орлеан, додека генералот Федерб ги застанал Германците на север. Но, Германците се зајакнале околу Париз, не попуштајќи ја блокадата. Наскоро во Париз завладеала ужасна состојба, па граѓаните на Париз почнале да јадат стаорци и животни од Зоолошките Градини. На крајот Бизмарк наредил и бомбардирање на исцрпениот град, при кое настрадале голем дел од граѓаните на Париз. Републиканскиот министер за надворешни работи, Жил Фавр, отпочнал преговарање со Германците на 23 јануари 1871, жалејќи се на нехуманата постапка на Прусите кон францускиот народ.

Прогласување на германската империја

врска=https://en.wikipedia.org/wiki/File:Wernerprokla.jpg|алт=painting of well dressed and portly princes and dukes cheering a king on a dais|мини|300x300пкс|18 јануари 1871 година: Прогласување на Германската Империја во Салата на огледалата во Версајската палата. Бизмарк се појавува во бело. Големиот војвода од Баден стои покрај Вилхелм, водејќи ги навивањата. Престолонаследникот Фридрих, подоцна Фридрих III, стои десно од неговиот татко. Слика од Антон фон Вернер За време на војната се воделе преговори за обединување на цела Германија надвор од Австрија. Во септември 1870 година била свикана и одржана конференција на Прусија, Баварија и Виртемберг во Минхен за да разговараат за условите на обединување. Ото фон Бреј - Штајнбург, баварскиот премиер, се спротивставил на кој било вистински сојуз и побарал посебен третман за Баварија. Бизмарк го свртел своето крило со инкорпорирање на Баден во Северногерманскиот Сојуз. Тогаш Баварија и Виртемберг преговарале за посебни договори на унијата, кои биле склучени на крајот на ноември 1870 година. Некои баварски желби биле исполнети. Баварија и Виртемберг имале свои поштенски и телеграфски услуги и биле во можност да наплатат свои даноци за одредени производи. Баварија, исто така поседувала своја војска во мирно време.Howard, pp. 222–230.G.Wawro. The Franco-Prussian War. The German Conquest of France in 1870–1871. Cambrige University Press.2003. p.235

Останало прашањето за името на новата држава. Бизмарк сакал да ја оживее титулата император, предлог непосакуван за Вилијам I. Бизмарк го натерал Луис крлаот на Баварија да му ја притисне царската титула на Вилијам I. Предлогот бил поддржан од другите германски принцови и поддржан од северногерманскиот Рајхстаг. Во Версај на 18 јануари 1871 година, Вилијам I бил прогласен за германски император. Останатите формалности биле малку. Избран бил Рајхстаг од цела Германија и овој Рајхстаг го прифатил уставот од 1867 година - со отстапки за Баварија - како царски устав на 14 април 1871 година. Новиот Рајх се состоел од 4 кралства, 5 големи војводи, 13 војводи и кнежевства и 3 слободни градови (Хамбург, Либек и Бремен). Алзас-Лорена се третирала како освоена покраина.Taylor, Bismarck, p. 126Howard, pp. 357–370.Die Reichsgründung 1871 (The Foundation of the Empire, 1871), Lebendiges virtuelles Museum Online, accessed 2008-12-22. German text translated: [...] on the wishes of Wilhelm I, on the 170th anniversary of the elevation of the House of Brandenburg to princely status on 18 January 1701, the assembled German princes and high military officials proclaimed Wilhelm I as German Emperor in the Hall of Mirrors at the Versailles Palace.

Последици

Додека траеле преговорите, радикалните елементи на Националната гарда, левоориентираните политичари и сиромашните во Париз одбија да се помират со пораз и покренаа бунт што ќе стане познат како Париска комуна. Сепак, ова движење не се здоби со поддршка надвор од околината на Париз и беше задушено со помош на Прусите, кои владините сили пропуштија низ нивните редови.