мини|322x322пкс|Опинци од скопскиот регион - Музеј на Македонија Опинок (множ. опинци) — обувки од свинска, говедска или биволска кожа, со опути (кожени врвци). Поедноставниот тип, наменети за секојдневна употреба, селаните сами ги изработувале. Опинците наменети за децата се изработувале од свинска кожа.
Опинците се традиционална македонска, српски, хрватска и бугарска обувка. Се носат и низ остатокот од Балканот. Тие се прават од кожа и немаат врвки, се одликуваат со издржливост и трајност, а обично (но не секогаш) имаат роголик завршеток. Самиот збор опинок води потекло од праиндоевропскиот јазик. Изработувачот на опинци е занаетчија, наречен опинчар.
Историја
Средновековните опинци се разликуваат од подоцнежните по тоа што немале врвови и не биле накрсно направени. Тие изгледале како гума во облик на чевел. Врвците биле додавани, но често се кинеле.
На гегиско наречје се наречени „опинга“, и се сметаат се традиционални чевли што ги носат Албанците во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Грција (од страна на Клефтите) и арберешките села во Италија.
Најраните археолошки докази за опинците датираат од 5-4 век п.н.е., што укажува дека тие биле елемент во илирската култура. Подоцнежните докази за нивната употреба во Албанија се очигледни во делата на иконографскиот сликар Онуфри од 16 век.
Во 1610 година, Марино Бизи, венецијански патрициј во Далмација и надбискуп на Антивари, забележал дека мажите од Мирдита носеле опинци, направени од говедска кожа, изработени од нив самите.
Занаетчиите од Делвински Санџак го држеле монополот во трговијата со опинци во Скадарски Вилает и Јанински Вилает сè до 1841 година, кога таа привилегија била укината со Танзиматските реформи.
Галерија
Наводи
Поврзано Чевларство Опинчарски занает
Категорија:Обувки Категорија:Македонски народни носии Категорија:Македонски фолклор
Најраните археолошки докази за опингите датираат од 5-4 век п.н.е., што укажува дека тие биле елемент во илирската култура. Подоцнежните докази за нивната употреба во Албанија се очигледни во делата на иконографскиот сликар Онуфри од 16 век.
Во 1610 година, Марино Бизи, венецијански патрициј во Далмација и надбискуп на Антивари, забележал дека мажите од Мирдита носеле опинци, направени од говедска кожа, подготвени од нив самите.
Занаетчиите од Делвински Санџак го држеле монополот во трговијата со опинци во Скадарски Вилает и Јанински Вилает сè до 1841 година, кога таа привилегија била укината со Танзиматските реформи.
Наводи
Категорија:Чевли Категорија:Народни обувки Категорија:Албанска култура