Ландкројцер П. 1500 Чудовиште (Landkreuzer P. 1500 Monster) бил предпрототипен ултратежок тенк наменет како подвижна платформа за Крупов 800-милиметарски Шверер Густав артилериски топ. Иако неговиот развој започнал во декември 1942 по даденото одобрение од Адолф Хитлер, проектот наскоро бил откажан од страна на Алберт Шпер и останал само како нацрт. Доколку проектот бил остварен, овој тенк би бил многу поголем од Панцер VIII Маус (најголемиот произведен тенк), па дури и поголем од огромниот Ландкројцер П. 1000 Стаорец (кој исто така не бил реализиран).

Поврзано Ландкројцер П. 1000 Стаорец Супертежок тенк

Надворешни врски Германско мрежно место со провизорни одлики на тенкот Статија за серијата 1000/1500

Категорија:Супертешки тенкови Категорија:Германски тенкови од Втората светска војна