Тромбоцитопенија е болест на крвните плочки (тромбоцитите), односно нивното намалување. Кога се намалени на помалку од 60 милиони на mm³ се појавува неконтролирано крварење низ телото што се појавува како подливи (црвени и модри точки и поголеми флеки под кожата), но многу често се јавува и крварење низ изметот, мокрачата или носот и многу тешко може да се сопре.
Типичен симптом за тромбоцитопенијата е кога некоја личност ќе се пресече или издраска а крвта не сака да запре, и раната стои за долго време.
Причина
Тромбоцитопенијата може да биде наследена или стекната.
Намалено создавање Абнормално ниска продукција на тромбоцити може да биде предизвикана од:
Дехидратација, Дефициенција на витамин B12 или фолна киселина Леукемија или миелодиспластичен синдром или апластична анемија Намалено создавање на тромбопоетин од страна на црниот дроб при црнодробна слабост Сепса, системска вирусна или бактериска инфекција Лептоспироза Наследни синдроми
Зголемена разградба
Зголемена разградба на тромбоцити може да настане при разни имунолошки и неимунолошки состојби, вклучувајќи: Имуна тромбоцитопенична пурпура Тромботична тромбоцитопенична пурпура Хемолитично-уремичен синдром Дисеминирана интраваскуларна коагулација Пароксизмална ноќна хемоглобинурија Антифосфолипиден синдром Системски лупус еритематозус Пост-трансфузиона пурпура Неонатална алоимуна тромбоцитопенија Хиперспленизам Денга треска Гошеова болест Зика вирус
Лек-индуцирана
Следниве лекови може да индуцираат тромбоцитопенија преку директна миелосупресија. Валпроична киселина Метотрексат Карбоплатин Интерферон Изотретиноин Панабиностат H2 блокатори и инхибитори на протонската пумпа
Други причинители Каснување од змија Токсичност на ниацин Лајмска болест Тромбоцитафереза
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Медицински знаци Категорија:Коагулопатии Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ