Луис Енрике Мартинес Гарсија (роден на 8 мај 1970, во Хихон), познат и само како Луис Енрике — шпански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на .

Израснат во младински категории на Спортинг Хихон, клубот со кој го направил своето професионално деби, потоа од 1991 до 1996 година тој играл во , со кој ги освоил шпанското првенство, купот и суперкупот на Шпанија. Од 1996 до 2004 година, тој играл за , со која освоил две шпански првенства, два шпански купа, еден шпански суперкуп, еден Куп на победниците на куповите и еден Суперкуп на УЕФА. Во 2004 година, Пеле го вклучил на листата на 125 најдобри живи фудбалери.

Тој играл за шпанската репрезентација од 1991 до 2002 година, постигнувајќи најголем успех со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри 1992 со олимписката репрезентација.

Откако ја завршил играчката кариера, тој започнал да се занимава со тренерска работа. Неговото прво искуство било на клупата на Барселона Б, каде што бил тренер од 2008 до 2011 година, по што следела една сезона како тренер на (2011-2012). По враќањето во Шпанија, тој ја водел помеѓу 2013 и 2014 година. Од 2014 до 2017 година, тој бил тренер на , каде што освоил две титули во шпанското првенство, три шпански купови, еден Суперкуп на Шпанија, една титула во Лигата на шампионите, еден Суперкуп на УЕФА и едно Светско клупско првенство. По кратка пауза, тој ја презел улогата на селектор на шпанската репрезентација од 2018 до 2022 година. Од 2023 година, тој е тренер на , со кого освоил две француски првенства, два Купа на Франција, два Суперкупа на Франција, една УЕФА Лига на шампиони, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп.

На индивидуално ниво, тој бил награден со неколку одличја како Најдобар тренер во шпанската лига (2014-2015), IFFHS тренер на годината (2015), Светски фудбалски тренер на годината (2015) и ФИФА Светски тренер на годината (2015).

Биографија Тој е во брак со Елена Куљељ од 27 декември 1997 година, со која имал три деца: Пачо (1998), Сира (2000) и Ксана (2009), од кои втората починала од рак на коските на 29 август 2019 година.

Клупска кариера Почетоци Тој почнал да игра фудбал на единаесетгодишна возраст во младинскиот тим на Спортинг Хихон. Своето деби за првиот тим го имал на 24 септември 1989 година во Примера Дивисион, во натпреварот Спортинг Хихон-Малага (0-1). Во следната сезона, тој придонел клубот да се квалификува за Купот на УЕФА 1991-1992, постигнувајќи 14 гола во првенството.

Реал Мадрид Следното лето, го купил за 250 милиони пезети (околу еден и пол милион евра). Во неговата прва сезона со „Лос Бланкос“ тој бил користен како десно крило или внатрешен играч од средниот ред, под водство на Радомир Антиќ. Жртвуван на позиции, кои не одговарале на неговите способности дури ни под водство на Бенито Флоро, за време на кој играчот сепак го освоил Купот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија, додека со доаѓањето на тренерот Хорхе Валдано во 1994 година, Луис Енрике, распореден по десната страна во средниот ред, повторно добил централна улога во тактичкиот план на тимот. Во сезоната 1994-1995, која завршила со освојување на првенството, тој постигнал гол во убедливата победа од 5-0 над , но во сезоната 1995-1996 доживува негативна сезона, карактеризирана со корпоративна криза и лоши резултати.

Барселона Во 1996 година, претседателот на мадридскиот клуб Лоренцо Санс одлучил да не му го продолжи договорот, дозволувајќи му така на Луис Енрике да потпише за ривалскиот клуб , каде што повторно се сретнал со Абелардо, неговиот поранешен соиграч во Спортинг Хихон. Во својата прва сезона со „Блауграна“, под водството на Боби Робсон, тој постигнал 17 гола и го освои Суперкупот на Шпанија, Купот на Шпанија и Купот на победниците на куповите. Дури и во следната сезона, под водство на холандскиот тренер Луј ван Гал, тој се докажал како играч од средниот ред со одлично чувство за голови: 18 во првенството, 25 вкупно во сезоната, збогатено со три трофеи Примера Дивисион, Куп на Шпанија и Суперкуп на УЕФА. Во Барселона, тој станал и капитен на тимот и освоил уште една национална титула во 1998-1999. Сепак, откако следните пет години ќе изминат без трофеи, на 16 мај 2004 година, Луис Енрике го одиграл својот последен натпревар како професионален фудбалер, против Расинг Сантандер, ставајќи крај на осумгодишниот престој во Барселона: менаџерот Франк Рајкард го заменил во 59-тата минута од натпреварот со Марк Овермарс, по што добил аплауз од целиот Камп Ноу.

Репрезентативна кариера Тој го имал своето деби за сениорската репрезентација во 1991 година, во пријателски натпревар против (0-2). Подоцна учествувал со олимписката репрезентација на Олимписките игри од 1992, освојувајќи го златниот медал. Со сениорската репрезентација учествувал на три Светски првенства (1994, 1998, 2002) и на едно Европско првенство (1996).

Својата репрезентативна кариера ја завршил во 2002 година, со 62 настапи и 12 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера

Играчка статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1989-1990 Спортинг Хихон Б СДБ 27 5 - - - - - - - - - 27 51989-1990 Спортинг Хихон ПД10КШ0 0 ------101990-1991ПД3514КШ93------4418Вкупно Спортинг Хихон3615 93 - - - - 45181991-1992 ПД294КШ61КУ60---4151992-1993ПД342КШ60КУ81---4831993-1994ПД282КШ41КПК60СШ204031994-1995ПД354КШ20КУ60---4341995-1996ПД313КШ00ЛШ80СШ20413Вкупно Реал Мадрид15715 182 341 40213181996-1997 ПД3517КШ71КПК70СШ2051181997-1998ПД3418КШ63ЛШ4Еден настап во второто квалификациско коло.3СУ+СШ2+11+047251998-1999ПД2611КШ30ЛШ31СШ2034121999-2000ПД193КШ53ЛШ76СШ2033122000-2001ПД289КШ41ЛШ+КУ4+52+4---41162001-2002ПД234КШ00ЛШ152 настапи во третото квалификациско коло.6Еден гол во третото квалификациско коло.---38102002-2003ПД188КШ00ЛШ82---26102003-2004ПД243КШ10КУ52---305Вкупно Барселона20773 268 5826 91300108Вкупно во кариерата427108 5313 9227 131585149

Репрезентативна статистика Извор: RSSSF РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Шпанија199110199200199320199493199580199692199742199881199984200030200150200250Вкупно6212

Тренерска статистика Клубови Статистиката е ажурирана на 2 март 2026. Во болд се натпреварувањата кои Луис Енрике ги освоил.

{| class="wikitable" style="font-size:85%;width:100%;text-align:center;" |- !rowspan="2"|Сезона !rowspan="2"|Екипа !colspan="5"|Првенство !colspan="5"|Национален куп !colspan="5"|Континентални купови !colspan="5"|Останати купови !colspan="4"|Вкупно !Победи % !rowspan="2"|Пласман |- ! Натп || ОН || П || Н || И || Натп || ОН || П || Н || И || Натп || ОН || П || Н || И || Натп || ОН || П || Н || И || ОН || П || Н || И || % |- || 2008-2009 || rowspan=3| Барселона Б || СДБ || 38 || 15 || 15 || 8 || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || 5. место |- || 2009-2010 || СДБ || 38+6Плејоф. || 22+2 || 10+4 || 6+0 || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || 2. место (пром.) |- || 2010-2011 ||СД || 42 || 20 || 11 || 11 || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || 3. место |- !colspan="3"|Вкупно Барселона B || 118+6 || 57+2 || 36+4 || 25+0 || || - || - || - || - || || - || - || - || - || || - || - || - || - ||

|| 2011-2012 || || А || 38 || 16 || 8 || 14 || КИ || 2 || 1 || 0 || 1 || ЛЕ || 2Во квалификациските кола. || 0 || 1 || 1 || - || - || - || - || - || 7. место

|| 2013-2014 || || ПД || 38 || 14 || 7 || 17 || КШ || 2 || 1 || 0 || 1 || - || - || - || - || - || - || - || - || - || - || 9. место

|| 2014-2015 || rowspan=3| || ПД || 38 || 30 || 4 || 4 || КШ || 9 || 9 || 0 || 0 || ЛШ || 13 || 11 || 0 || 2 || - || - || - || - || - || 1. место |- || 2015-2016 || ПД || 38 || 29 || 4 || 5 || КШ || 9 || 7 || 2 || 0 || ЛШ || 10 || 7 || 2 || 1 || СШ+СУ+Скп || 2+1+2 || 0+1+2 || 1+0+0 || 1+0+0 || 1. место |- || 2016-2017 || ПД || 38 || 28 || 6 || 4 || КШ || 9 || 6 || 2 || 1 || ЛШ || 10 || 6 || 1 || 3 || СШ || 2 || 2 || 0 || 0 || 2. место |- ! colspan="3"|Вкупно Барселона || 114 || 87 || 14 || 13 || || 27 || 22 || 4 || 1 || || 33 || 24 || 3 || 6 || || 7 || 5 || 1 || 1 || |- || 2023-2024 || rowspan=3| || Л1 || 34 || 22 || 10 || 2 || КФ || 6 || 6 || 0 || 0 || ЛШ || 12 || 5 || 2 || 5 || СФ || 1 || 1 || 0 || 0 || 1. место |- || 2024-2025 || Л1 || 34 || 26 || 6 || 2 || КФ || 6 || 5 || 1 || 0 || ЛШ || 17 || 11 || 1 || 5 || СФ+Скп || 1+7 || 1+5 || 0+0 || 0+2 || 1. место|- || 2025-2026 || Л1 || 26 || 19 || 3 || 4 || КФ || 2 || 1 || 0 || 1 || ЛШ || 12 || 7 || 3 || 2 || СФ+СУ+ИК || 1+1+1 || 0+0+0 || 1+1+1 || 0+0+0 || во тек |- ! colspan="3"|Вкупно Париз Сен Жермен || 94 || 67 || 19 || 8 || || 14 || 12 || 1 || 1 || || 41 || 23 || 6 || 12 || || 12 || 7 || 3 || 2 || |- !colspan="3"|Вкупно во кариерата || 408 || 243 || 88 || 77 || || 45 || 36 || 5 || 4 || || 76 || 47 || 10 || 19 || || 19 || 12 || 4 || 3 ||

Репрезентации СезонаЕкипаНатпреварувањеПласманУчинокГоловиОдиграниПобедиНерешениИзгубениУспешност %ДГПГГР 2018 УЕФА Лига на нации 2018-2019 2. место во групата 4 на Лига А 12 7 +5 2019 Квал. за Евро 2020 1. место во групата Ф, се квалификувале 2 1 +1 2020 УЕФА Лига на нации 2020-2021 1. место во групата 4 на Лига А, финале на завршен турнир 16 6 +10 2021 Квал. за СП 2022 1. место во групата Б, се квалификувале || 15 || 5 || +10 јун.-јул. 2021 Европско првенство 2020 Полуфинале 13 6 +7 2022 УЕФА Лига на нации 2022-2023 1. место во групата 2 на Лига А 8 5 +3 ное.-дек. 2022 Светско првенство 2022 Осминафинале 9 3 +6 2018-2022 Пријателски 20 4 +16 Вкупно Шпанија 95 37 +58

Титули

Играч Клупски Реал Мадрид Примера Дивисион : 1 1994–1995 Куп на Шпанија : 1 1992–1993 Суперкуп на Шпанија : 1 1993

Барселона Примера Дивисион : 2 1997–1998, 1998–1999 Куп на Шпанија : 2 1996–1997, 1997–1998 Суперкуп на Шпанија : 1 1996 Куп на победниците на куповите : 1 1996–1997 Суперкуп на Европа : 1 1997

Репрезентативни Олимписка репрезентација на ШпанијаЛетни олимписки игри : 1 Златен медал: 1992

Индивидуални ESM Тим на годината : 1 1996-1997 Вклучен во ФИФА 100 листата (2004)

Тренер Клупски Барселона Примера Дивисион : 2 2014–2015, 2015–2016 Куп на Шпанија : 3 2014–2015, 2015–2016, 2016-2017 Суперкуп на Шпанија : 4 2016 Куп на шампиони : 1 2014-2015 Светско клупско првенство : 1 2015 Суперкуп на Европа : 1 2015

Париз Сен Жермен Лига 1 : 2 2023–2024, 2024–2025 Куп на Франција : 2 2023-2024, 2024-2025 Суперкуп на Франција : 3 2023, 2024, 2025 Лига на шампиони : 1 2024–2025 Суперкуп на УЕФА''' : 1 2025

Наводи

Надворешни врски

Луис Енрике Мартинес на soccerway Луис Енрике Мартинес на transfermarkt Луис Енрике Мартинес на espn Луис Енрике Мартинес на whoscored

Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Шпански фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Хихон Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Тренери на ФК Рома Категорија:Тренери на ФК Барселона Категорија:Тренери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Селектори на шпанската фудбалска репрезентација Категорија:ФИФА 100 Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали Шпанија Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Живи луѓе