мини|538x538пкс|Поглед од врвот Троглав. мини|Поглед кон Перуќкото Езеро Свилаја () — планина во Загора, напоредна на повисокиот северен планински венец Динара-Троглав. Се простира во правец северозапад кон југоисток помеѓу Сињско Поле и Петрово Поле, во должина од околу 30 км.

Највисокиот врв е јужниот врв на Свилаја (Бат), 1508 метри над Сињ. Посеверно се наоѓаат поважните врвови Јанчак, 1483 метри, Кита, 1413 метри, Турјача, 1340 метри, Мала Свилаја, 1472 метри, и Лисина, 1301 метри над Врлика. Од најблискиот ’рт Велики Козјак (1207 метри), кој е северен продолжеток на Свилаја, таа е одвоена со пониското планинско седло Лемеш (860 метри) над селото Маовице. Најголемиот дел од планинскиот венец се состои од варовнички гребени со наизменично менување на врвови и вртачи, варовнички јами и пештери. 

Североисточните падини кои се над реката Цетина се пострмни и главно обраснати со букови шуми и балкански јавор (Acer obtusatum), кои, неодамна, делумно беа уништени од шумски пожари. Сувите и позарамнети  југозападни падини спрема Дрниш се мозаично покриени со нискостеблести шуми на црниот габер (Ostrya carpinifolia) и со ниски, каменести тревници, кои се користат како пасишта.

Свилаја спаѓа во малку познати хрватски области, попознат е само нејзиниот повисок најјужен дел до главниот врв. Останатиот, поголем дел на средна и северна Свилаја, е скоро непознат за планинарите и истражувачите, освен за локалните овчари од околните места.

Дел од средна Свилаја, помеѓу Врлика и Сивериќ, сѐ уште е миниран, додека искачувањето до главниот врв од јужната насока од Сињскиот Зелов е сосема безбеден. Југоисточно од главниот врв покрај Орловате карпи (1139 m) е изграден планинарски дом Орлови карпи.Staza - PD Orlove Stine-Šumski Put-Vrh Svilaja - planinarenje.hrPlaninarsko društvo Sveti Jure – Solin: Svilaja Кога е основано Планинарското друштво "Зољ" од Врлика, на 2 септември 2010 година, отворен е и нов планинарски дом во врличкиот дел на Свилаја, на 1119 метри надморска височина.Otvorena nova planinarska kuća "Sveti Jure" na Svilaji

На падините околу Свилаја се наоѓа археолошки значаен низ на стари илирски градини, па затоа некои од локалните средно големи врвови се наречени Градина, Полача и слично.

Името Свилаја е исто така име на една од самовилите од романот „Планини“ на Петар Зораниќ.

На свилајскиот Вели врв се случила една од најголемите борби во тек наХрватската војна за независност.Toni Paštar: [Najveća pješačka bitka Domovinskog rata u Cetinskoj krajini: 'Veli vrh je ponos vrličkih branitelja], Slobodna Dalmacija, 9 јуни 2014. .

Наводи

Надворешни врски Свилаја на порталот на Хрватскиот планинарски сојуз

Категорија:Планини во Хрватска Категорија:Сплитско-далматинска Жупанија