thumb|right|350px|Пневмстска таблица, „Циклопедија“ (1728)
Пневматика (од старогрчки: πνευματικός пнеуматикос = ветерен) — употребата на гас под притисок за работа во науката и технологијата.
Прва документација за науката наоѓаме кај Херон Александриски во 60 н.е., иако за ова поле се знаело и пред тоа.
Употреба Пневматиката се применува за решавање на најзазлични проблематики. Во заботехничките апарати, пневматските бушалки се полесни, побрзи и поедноставни од електричните бушалки со исто ниво на моќ (бидејќи изворот насила - компресорот е засебен од бушалката и ја врти бургијата со огромен број на вртежи во минута). Пневматскиот пренос се користи во многу индустриски гранки за прашоци и зрна. Пневматските цевки можат да носат предмети на големи далечини. Пневматичките направи се користат и каде електромоторот не може да се користи од безбедносни причини, како длабоко по рудниците каде има експлозивен прав или гасови.
Примери за пневматски направи:
Пневматска бушалка за патно градежништво Пневматски прекинувач Пневматски придвижувач Компресор Вакуум-пумпа Баростатни системи во употреба кај неврогастроентерологијата како и за струјни испитувања Каблоканализирање - начин на инсталација на кабли во цевки Пневматска пошта Воздушна кочница на автобуси, возови и камиони
Споредба со хидрауликата И пневматиката и хидраулкиката се примени на моќта на гасот/течноста. Пневматиката користи воздух, кој е компресивен, додека хидрауликата користи релативно некомпресивни течни медиуми како масло или вода. Индустриските пневматски апарати користат притисок од 500 до 700 килопаскали. Хидрауличните апарати користат пририсок од 7 to 35 MPa, но специјализирани апарати користат и над 70 MPa.
Предности на пневматиката
Работниот медиум е многу лесен и така цевките не се тешки.
Бидејќи работниот медиум е (главно) само воздух, обично нема потреба за повратна линија за тој медиум, а протекувањата се чисти.
Предностите на хидрауликата
Поголема густина на енергија заради многу повисокиот притисок.
Хидрауличките течности неможат да се компримираат, што значи минимум пружински ефект. Кога текот на хидрауличната течност се сопира, и најмалото придвижување на товарот го испушта притисокот на него; кај компримираниот воздух нема потреба од исцедување за пуштање на притисок врз товарот.
На влезната порта на товарот не се јавува кондензација.
Поврзано Пневдраулика
Категорија:Хидродинамика