десно|мини|200x200пкс|Џамијата во Навагрудак. Исламот во Белорусија има долга историја. Тој беше воведен на територијата на денешна Белорусија од Татарите-Липки во периодот од 14-16 век. Од 2007 година, 45,000 муслимани живеат во Белорусија и претставуваат 0.5% од вкупното население.https://web.archive.org/web/20070312091331/http://belarus.vneshintourist.net/?p=67&more=1&c=1
Модерно време Во 1994 година, бил одржан Првиот себелоруски конгрес на муслиманите. Како резултат на ова, беше основана Исламската верска заедница на Република Белорусија на чело со д-р Исмаил Александрович.
Во 1997 имало 23 муслимански заедници, вклучувајќи ги 19-те во западните региони на Белорусија.
Белорусија е единствената земја во Европа во која уредник на весник бил затворен поради објавувањето на данските карикатури на исламскиот пророк Мухамед. На 18 јануари 2008 година, Александар Сдвижков добил казна затвор во траење од три години поради "поттикнување на верска омраза".Norris, Harry (2009). Islam in the Baltic. I.B. Tauris: London. p. 130.
Денес постојат џамии во Смилавичи, Ивје, Слоним и Навагрудак во Гродненската област; во Клецк во Минската област; и во Видзи во Витепската област.Moslems in Belarus Prepare to Celebrate Muhammad's Birthday Во периодот од 1900 до 1902 година била изградена џамија во Минск. Шеесет години подоцна таа била уништена од страна на комунистите. На 11 ноември 2016 година реплика на џамијата била изградена во Минск.
Галерија
Поврзано
Религија во Белорусија Слободата на религија во Белорусија
Наводи
Надворешни врски
Белоруската катедралска џамија Исламската религија и култура во Белорусија
Категорија:Исламот по земја Категорија:Религијата во Белорусија