Лублинско Војводство () — војводство во југоисточна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Лублинско, Хелмско, Замошко, Бјалоподласко и (делумно) Тарнобжешко и Шедлечко, согласно управните реформи усвоени претходната година. Наречена е по градот Лублин, за ја зафаќа територија на четири историски краишта: Малополска во западниот, Црвена Русија во источниот и Полесје и Подласје во североисточниот дел.

Се граничи со следниве војводства: Поткарпатското на југ, Светокришкото на југозапад, Мазовското на запад и север, Подлаското (во мала мера) на север и Белорусија и Украина на исток. Во 2019 г. војводството имало 2.133.340 жителиЛублинското Војводство во бројки — Полска во бројки, 31 декември 2016 г. . Зафаќа површина од , приближно колку територијата на Република Македонија.

Градови и гратчиња

Војводството има 42 градски населени места. Тука се наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:

Управна поделба Лублинското Војводство е поделено на 24 окрузи, од кои 4 се градски, а 20 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 213 општини.

Име и изворно имеПовршина (км2)Население (2006)СедиштеДруги гратчињаОпштиниГрадски окрузи Бјала ПодласкаBiała Podlaska4958.0101 ЗамошќZamość3066.6131 ЛублинLublin147354.2721 ХелмChełm3567.9891Земски окрузиБилгорајски powiat biłgorajski 1.678104.267БилгорајТарногруд, Јузефув, Фрампол14Бјалски powiat bialski 2.754113.764Бјала Подласка *Мјенѕижец Подласки, Тереспол19Влодавски powiat włodawski 1.25640.052Влодава8Замошки powiat zamojski 1.872110.225Замошќ *Шчебжешин, Звјежињец, Краснобруд15Јанувски powiat janowski 87547.875Јанув Лубелски7Красниставски powiat krasnostawski 1.06769.274Краснистав10Крашњички powiat kraśnicki 1.00599.770КрашњикАнопол10Ленчински powiat łęczyński 63457.314Ленчна6Лукувски powiat łukowski 1.394108.393ЛукувСточек Луковски11Лубартувски powiat lubartowski 1.29090.484ЛубартувКоцк, Острув Лубелски13Лублински powiat lubelski 1.679140.562Лублин *Белжице, Бихава16Ополски powiat opolski 80463.026Ополе ЛубелскеПоњатова7Парчевски powiat parczewski 95336.512Парчев7Пулавски powiat puławski 933116.829ПулавиНаленчув, Кажимјеж Долни11Раѕињски powiat radzyński 96561.445Раѕињ Подласки8Рички powiat rycki 61659.129РикиДемблин6Томашувски powiat tomaszowski 1.48788.343Томашув ЛубелскиТишовце, Лашчув13Хелмски powiat chełmski 1.78079.991Хелм *Рејовјец Фабрични15Хрубјешувски powiat hrubieszowski 1.26968.822Хрубјешув8Швидњички powiat świdnicki 46972.290ШвидњикПјаски5* седиштето не е дел од округот

Најчести презимиња Вујќик: 12.937 лица Мазурек: 9.644 лица Мазур: 8.019 лица

Наводи

Надворешни врски

Портал на Лублинското Војводство

Категорија:Војводства во Полска Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година