мини|300x300пкс|Монета на Вонон I од Селевкија. Вонон I ( Onōnēs според неговите монети) владеел со Партијската империја од околу 8 до 12 година од н.е. Тој беше најстариот син на Фраат IV Партски (владеел околу 37–2 година п.н.е.) и беше испратен во Рим како заложник во 20-тите години п.н.е. како гаранција за договорот на неговиот татко склучен со Август.Tacitus, The Annals 2.1
Доаѓање на власт По убиството на Ород III околу 6 година по н.е., Партите побарале од Октавијан Август нов крал од Арсасидската династија.Tacitus, The Annals 2.2 Август го испратил Вонон I, но тој не успеал да го зачува престолот; тој бил образован како Римјанин и бил омразен од партијското благородништво како предавник.
Пад Друг член на Арсасидската династија, Артабан III (владеел околу 10–38 година), кој живеел меѓу даханските номади во источниот дел на Партија, беше поканет да го преземе престолот. Во граѓанска војна тој го порази и протера Вонон I.
Монети Монетите на Вонон датираат од 8 до 12 година и го носат натписот "Кралот Вонон, освојувач на Артабан" по повод привремената победа над неговиот соперник. Монетите на Артабан II датираат од 10 година. Во 12 година Вонон побегна во Ерменија и станал нејзин крал.Tacitus, The Annals 2.3 Артабан II побара тој да биде отстранет од престолон но бидејќи Октавијан не сакал да започне војна со Партијвите тој го премести Вонон во Сирија, каде што тој бил задржан во притвор, иако во добри услови.Tacitus, The Annals 2.4 Подоцна, тој бил преместен во Киликија и кога тој се обидел да побегне околу 19-тата година бил убиен од страна на неговите чувари.Tacitus, The Annals 2.68
Белешки
Наводи
Hon. Ana. 5, 9. Josephus, Antiquities of the Jews, xviii, 2, 4. Tacitus, Annals, ii, 4, 58, 68.
Категорија:Родени во 1 век п.н.е. Категорија:Владетели