десно|мини|Црквата и манастирот во Пажајслис мини|Францисканска црква во Вилнус Католичка црква во Литванија — дел од светската Римокатоличка црква, под духовно водство на папата во Рим.
Литванија е најкатоличка од сите Балтички држави: во Литванија живеат два милиони католици и тие претставуваат 79% од вкупното население (2002). Земјата е поделена на осум епархии вклучувајќи и две архиепископии и воени ординаријати.GigaCatholic Directory Во 2007 година во земјата имало 779 римокатолички свештеници и 677 парохии.Catholic Hierarchy Catalog Литванија е најсеверната претежно католичка земја во светот, малку подалеку на север од Република Ирска.
Историја Римокатолицизмот е најголемата деноминација од почетокот на христијанизацијата на делови од Литванија во 1387 година (планинските делови) и во 1413 година (Жемајтија, низинскиот дел).Foreword to the past: a cultural history of the Baltic people by Endre Bojtár, p. 140
Св. Казимир (Kazimieras, 1458-1484) е единствениот канонизиран светец од Литванија. Тој е патрон на земјата и на литванските млади. Архиепископот Јургис Матулајтис-Матулевичиус (1871-1927) бил беатифициран во 1987 година.Lithuanian Saints and Witnesses of Faith on the Official Page of Catholic Church in Lithuania
Отпор кон комунизмот Римокатоличката црква е влијателен фактор во земјата и некои свештеници активно го воделе отпорот против комунистичкиот режим и по осамостојувањето на Литванија го поддржувале традиционализмот, особено во однос на етичките прашања.
Национално познатото светилиште на антикомунистичкиот отпор, Ридот на крстови, на кој се поставени илјадници крстови според латинскиот обред, се наоѓа во близина на градот Шјауљај. Подигањето на латински крстови на ридот беше забрането од страна на Руската православна црква во 19 век. Подоцна, во 20 век, советските власти исто така ги забраниле овие експлицитни религиозни симболи. Крстовите биле отстранети во 1961 година со трактори и булдожери, но и покрај советските забрани, католиците продолжиле да поставуваат мали и големи крстови на Ридот на крстови. Папата Јован Павле II го посети ридот за време на неговата посета на Литванија, пред сè затоа што тој е знак на антикомунистичкиот католички отпор, како и важно римокатоличко верскo наследство. Литванија беше единствената советска република во која католиците биле мнозинство.
Католичката црква во Литванија по независноста продолжи да води кампањи против либерални и социјалистички политики, особено во однос на етичките прашања.
Хиерархија
Римокатоличка Вилнуска архиепископија Римокатоличка Кајшјадориска епархија Римокатоличка Паневежиска епархија Римокатоличка Каунсаска архиепископија Римокатоличка Шјауљајска епархија Римокатоличка Телшјајска епархија Римокатоличка Вилкавишкиска епархија Воен ординаријат на Литванија
Римокатолички катедрали во Литванија десно|мини|Вилнуска катедрала
Катедрала-базилика на Св Станислав и Св Владислав (Šv. Stanislovo ir Šv. Vladislovo arkikatedra bazilika), Вилнус; Катедрала на Преображението на Исус Христос (Kristaus Atsimainymo katedra), Кајшјадорис; Катедрала Базиликата Свети Петар и Павле (Kauno šv. Petro ir Povilo arkikatedra bazilika), Каунас; Базилика на Архангел Михаил (Šv. arkangelo Mykolo bazilika), Маријамполе; Катедралата на Христа Царот, Паневежис; Катедралата на Свети Петар и Павле (Šiaulių šv. Apaštalų Petro ir Pauliaus Katedra), Шјауљај; Базилика од Раѓањето на Блажена Дева Марија, Шилува; Катедралата на Свети Антониј на Падова (Šv. Antano Paduviečio katedra), Телшјај; Катедрала на Посетата на Св. Богородица (Švč. М. Marijos Apsilankymo katedra), Вилкавишкис; Базилика на Посетата на Блажена Дева Марија, Жемајтска Калварија.GCatholic Directory
Римокатолички цркви во Литванија Првите цркви во Литванија биле изградени пред воведувањето на христијанството – тие биле изградени од страна на трговци и занаетчии од други земји кои живееле во Литванија. По крштевањето во 1387 година бројот на цркви во Литванија почна значително да расте. На средината на дваесеттиот век, имало околу 885 католички цркви и капели во Литванија.
Првата црква во Литванија наводно била изградена од страна на големиот војвода Миндовг во 13 век. Таа беше Вилнуската катедрала, која во својата долга историја повеќепати била уништена и обновена. Најстарата преживеана црква од камен е Св. Никола, изградена во 14 – 15 век. Таа се наоѓа во Вилнус и посетителите се восхитуваат на нејзините готски и романескни одлики. Црквата Света Ана е дело на доцната готска архитектура. Параклисот на Портата на Зората во која се наоѓа иконата на Света Дева Марија, Мајка на Милост и Немилост во Вилнус има многу одлики на доцната ренесанса и е еден од најпосетуваните свети места во Литванија. Импресивно архитектонско дело на барокот е црквата Св. Петар и Св. Павле во Вилнус. Најстарата дрвена црква во Литванија се наоѓа во Палусе, Игналинска област.
Католички организации во Литванија
Ateitis: организација за католички деца и млади, член на Fimcap
Поврзано
Христијанизација на Литванија Свети Казимир
Наводи
Надворешни врски
Katalikų Bažnyčia Lietuvoje / Catholic Church in Lithuania Official web site of Lithuanian Catholic Church Sanctuaries and Pilgrimage Sites in Lithuania
Категорија:Католицизмот по земја Категорија:Католицизмот во Европа