Ополско Војводство (, ) — војводство во југозападна Полска, најмалото и најмалку населеното во државата. Наречено е по најголемиот и главен град — Ополе. Историски, подрачјето е дел од областа Горна Шлеска и има релативно големо германско малцинство, со свои претставници во државното собрание.
Се граничи со следниве војводства: Долношлеското на запад, Големополското и Лоѓското на север, Шлеското на исток и Чешка на југ.
Историја Ополското војводство е создадено на 1 јануари 1999 г. од дотогашното Ополско и делови од Ченстоховското Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година.
Во прво време, владата имала намера да го укине Ополското војводство и да го подели меѓу Долношлеското и Шлеското војводство (источна Горна Шлеска и западна Малополска), според советите на истакнати историчари, кои сметале дека ова се поавтентично полски области со историска заднина. Било предвидено Бжег и Намислов да ѝ припаднат на Долна Шлеска, а остатокот, заедно со дел од Ченстоховското Војводство, да стане дел од новото Шлеско Војводство. Сепак, овие планови побудиле значајно негодување меѓу германското население на војводството, кои стравувале дека поделбата на нивното подрачје ќе ги расцепка, оставајќи ги без застапување како малцинство. На изненадување на Германците, шлеските Полјаци исто така се побуниле против реформата, сметајќи дека тоа ќе им го наруши регионалниот идентитет и ќе ги втурне во непозната средина.
Решението било донесено кон крајот на 1999 г. со придодавањето на Олесно кон Ополското Војводство по 24 години раздвоеност. Конечната разврска дошла во 2006 г. кога општината Радлув прва го прогласила германскиот за втор службен јазик.
Географија Војводството е сместено во југозападна Полска, претежно на подрачјето на Шлеската Низина. На исток се граничи со Шлеската Висорамнина со познатата планина Света Ана, а на југозапад се Опавските Планини во состав на Судетите. Реката Одра по средината го пресекува војводството на два дела. Северниот дел долж реката Мала Панев е густо пошумен, додека пак во јужниот дел преовладува обработливо земјиште.
Ополското Војводство се одликува со најтопла клима во земјата.
Градови и гратчиња Војводството има 35 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 годинаhttp://www.stat.gov.pl/gus/45_655_PLK_HTML.htm):
Управна поделба Војводството е поделено на 12 окрузи, од кои 1 градски и 11 земски. Тие пак се поделени на 71 општина.
мини|250п|Ополе — главен град на војводството. thumb|мини|250п|Ниса — трет град по население во војводството. мини|250п|Бжег — познато посетителско место. мини|250п|Градот Прудњик со неговите средновековни градби. мини|right|250п|Клучборк — важна железничка клучка во Полска.
Име и изворно имеПовршина (км²)Население (2006)СедиштеДруги градовиОпштиниГрадски окрузи Ополе Opole96128.0341Земски окрузиБжешки powiat brzeski 87792.361БжегГродкув, Левин Бжески6Глупчички powiat głubczycki 67350.326ГлубчицеКетш, Баборув4Кенѓежинско-кожелски powiat kędzierzyńsko-kozielski 625102.118Кенѓежин-Кожле6Клучборчки powiat kluczborski 85270.082КлучборкВолчин, Бичина4Крапковички powiat krapkowicki 44267.926КрапковицеЗѓешовице, Гоголин5Намислувски powiat namysłowski 74843.957Намислув5Ниски powiat nyski 1.224145.640НисаГлухолази, Пачкув, Отмухув, Корфантув9Олески powiat oleski 97468.269ОлесноПрашка, Доброѓењ, Гожув Шлонски7Ополски powiat opolski 1.587134.874Ополе *Ожмек, Њемодлин, Прушкув13Прудњички powiat prudnicki 57159.931ПрудњикГлогувек, Бјала Прудњицка4Стшелечки powiat strzelecki 74480.828Стшелце ОполскеЗаваѕке, Колоновске, Лешњица, Ујазд7* седиштето не е дел од округот
Население
Ополското Војводство е најмалото во земјата, како по површина, така и по населеност.
Населението брои околу милион жители, од кои 15 % се Германци, сочинувајќи 90 % од германското малцинство во Полска. Поради ова, има поголем број на двојазични општини, каде германскиот јазик и култура играат значајна улога.
Стопанство Војводството има мешано индустриско-земјоделско стопанство. Има лежишта на минерални ресурси за градежен материјал како варовник (Стшелце Ополске), лапорец (кај Ополе), мермер и базалт. Се одликува со поволна клима и плодна почва кои даваат големи приноси.
Во Ополското Војводство се застапени вкупно 19 стопански грабки. Најважно е производството на цемент и вар, а потоа следуваат изработката на мебел, прехранбената, автомобилската и хемиската индустрија. Заведени се околу 53.000 претпријатија, претежно од мал и среден обем, во кои работат преку 332.000 лица, од кои 89.000 работат во производните дејности. Дури 95,7 % од сите претпријатија се во приватна сопственост.
Презимиња Најзастапени презимиња во Ополското Војводство се следниве:
Новак: 5.538 Вјечорек: 2.654 Мазур: 2.512
Поврзано Горна Шлеска
Наводи
Поврзано Самоуправа на Ополското Војводство Управа на Ополското Војводство — официјално мрежно место Неофицијален портал на Ополското Војводство
Категорија:Војводства во Полска Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година