Лубушко Војводство () — војводство во западна Полска.
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Гожувско и Желоногурско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Лубушка Земја (), иако делови од војводството припаѓаат на историските области Шлеска, Големополска и Лужица. Сè до 1945 г. територијата била во состав на германската управна област Нојмарк во рамките на пруската покраина Бранденбург.
Управата е разделена во два града — Гожув Вјелкополски и Желона Гура. Во Гожув е седиштето на војводата (управникот), додека пак во Желона Гура е војводското собрание и извршните органи на чело со маршалот.
Војводството е прилично низинско, со бројни езера и шуми. Во јужниот дел, околу Желона Гура е застапено лозарството.
Се граничи со следниве војводства: Западнопоморското на север, Големополското на исток, Долношлеското на југ, и Германија (покраините Бранденбург и Саксонија) на запад.
Историја Областа е придодадена кон полската држава со освојувањата на првиот водач на Полјаците, кнезот Мјешко I, а подоцна и со успесите на првиот полски крал Болеслав I Храбриот, кој го освоил лубушкиот дел од Лужица. Дел од таа историска област се протегала по западниот брег на реката Одра, каде е основан градот Лубуш, подоцна од Германците наречен Лебус.
Во 1226 г. Лебус потпаднал под непосредна власт на Светото Римско Царство, но околу 1250 г. му припаднало на благородничкото семејство Аскани — владетели на Маркгрофовијата Бранденбург. Воочи и за време на Втората светска војна, ова бил првиот дел од Полска заземен од Германија со нејзиниот „Пробив на исток“ за повраток на германските краишта.
Во 1945 г. Црвената армија ја освоила источна Германија и стапила кон прекројување на границите. Источниот дел од областа на Лубуш (Лебус) е припоена кон Полска, како дел од пропагандно наречените „Повратени земји“. Германското населението кое ги преживеало етничките чистки и не пребегало западно од Одра, било веднаш протерано и заменето со Полјаци од средна и поранешна источна Полска.
Градови и гратчиња мини|Желона Гура — седиште на војводското собрание. мини|Гожув Вјелкополски — седиште на војводата. мини|Нова Сул — дел од историската област Долна Шлеска. мини|Загањ мини|Швјебоѓин Војводството има 42 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:
Управна поделба Големополското Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 2 се градски, а 12 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 83 општини.
Име и изворно имеПовршина (км²)Население (2006)СедиштеДруги градовиОпштиниГрадски окрузи Гожув ВјелкополскиGorzów Wielkopolski86125.2041 Желона ГураZielona Góra58118.2011Земски окрузиВсховски powiat wschowski 62538.958ВсховаСлава, Шлихтингова3Гожувски powiat gorzowski 1.21365.546Гожув Вјелкополски *Костшин на Одра, Витница7Жагањски powiat żagański 1.13182.226ЖагањШпротава, Илова, Маломице, Гоздњица9Жарски powiat żarski 1.39398.929ЖариЛубско, Јашењ, Ленкњица10Желоногурски powiat zielonogórski 1.57189.543Желона Гура *Сулехув, Новогруд Бобжањски, Бабимост, Червјењск, Каргова10Кросненски powiat krośnieński 1.39056.463Кросно ОджањскеГубин7Мјенѕижечки powiat międzyrzecki 1.38858.335МјенѕижечСквјежина, Тшќел6Новосулски powiat nowosolski 77186.773Нова СулКожухув, Битом Оджањски, Нове Мјастечко8Слубички powiat słubicki 1.00046.777СлубицеЖепин, Ошно Лубуске, Цибинка5Стшелечко-дрезденечки powiat strzelecko-drezdenecki 1.24850.151Стшелце КрајењскеДрезденко, Добјегњев5Суленќински powiat sulęciński 1.17735.329СуленќинТожим, Лубњевице5Швјебоѓински powiat świebodziński 93755.989ШвјебоѓинЗбоншинек6* седиштето не е дел од округот
Поврзано Лубушка Земја Маркгрофовија Бранденбург
Наводи
Надворешни врски
Лубушко Војводство — официјално мрежно место Туристички портал на Лубушкото Војводство
Категорија:Војводства во Полска Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година