Светокришко Војводство (, Швјентокшиско Војводство) — војводство во југоисточна Полска, во рамките на историската област Малополска. Наречено е по Светокришките Планини. Главен и најголем град е Келце.

Се граничи со шест други војводства: Мазовското на север, Лублинското на исток, Поткарпатското на југоисток, Малополското на југ, Шлеското на југозапад и Лоѓското на северозапад.

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од Келечкото, источниот дел на Ченстоховското и западниот дел на Тарнобжешкото војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од и има 1.263.176 жители (2014).

Градови и гратчиња мини|Келце — седиште на војводството. мини|Островјец Швјентокшиски — втор град по големина. мини|Сандомјеж — едно од најпосетуваните места во војводството. мини|Дворецот во Курозвенки. Војводството има 32 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:

Управна поделба Светокришкото Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 1 е градски, а 13 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 102 општини.

Име и изворно имеПовршина (км²)Население (2006)СедиштеДруги градовиОпштиниГрадски окрузи КелцеKielce110207.7181Земски окрузиБуски powiat buski 96773.940Буско-Здруј8Влошчовски powiat włoszczowski 90647.137Влошчова6Јенджејувски powiat jędrzejowski 1.25789.304ЈенджејувСенѓишув, Малогошч9Кажимјешки powiat kazimierski 42235.770Кажимјежа ВјелкаСкалмбмјеж5Келечки powiat kielecki 2.247198.581Келце *Хенќини, Хмјелник, Далешице, Боѕентин19Коњечки powiat konecki 1.14084.239КоњскеСтомпоркув, Радошице8Опатувски powiat opatowski 91256.645ОпатувОжарув8Островјечки powiat ostrowiecki 616116.179Островјец ШвјентокшискиЌмјелув, Кунув6Пињчувски powiat pińczowski 61142.127ПињчувЃалошице5Сандомјешки powiat sandomierski 67681.733СандомјежКопшивница, Завихост9Скаржиски powiat skarżyski 39580.024Скаржиско-КамјенаСухедњув5Стараховички powiat starachowicki 52394.395СтараховицеВонхоцк5Сташувски powiat staszowski 92574.004СташувПолањец, Ошек8* седиштето не е дел од округот

Поврзано Светокришки Планини Малополска

Наводи

Надворешни врски

Светокришко Војводство — официјално мрежно место Туристички портал на Светокришкото Војводство

Категорија:Војводства во Полска Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година