Димитрије Митриновиќ (Доњи Поплат, 21 октомври 1887 — Ричмонд крај Лондон, 28 август 1953) бил српски авангарден критичар, теоретичар, филозоф, есејист, поет и преведувач.
Животопис Роден е во Поплат (во денешна Општина Берковиќ). Детството го поминал во Зови Дол крај Невесиње каде биле што неговите родители биле учители.МОЖДА НИСТЕ ЗНАЛИ О НЕВЕСИЊУ (31 ) Радио Невесиње, 19. 3. 2013. Основно училиште завршил во Благај, гимназија во Мостар, а студии по филозофија, психологија и логика во Загреб, Београд, потоа во Виена и Минхен. Апсолвирал во Тибинген во 1914 година.
Работел во уредништвото на Босанска вила (1910 — 1913). Првата светска војна ја поминал во Лондон, каде го покренал и уредувал списанието New Age (Ново време), кој подоцна прераснал во списанието New Europe. Митриновиќ исто така е и иницијатор на Антибарбарус клуб, Адлерово друштво за студии по поединечна психологија.
Првата своја песна, Ленто долоросо, ја објавил во Босанска вила во 1905, под псевдонимот М. Димитријевиќ, под кој подоцна претежно објавувал поезија. Покрај тој, го користел и псевдонимот Антицус.
Покрај во Босанска вила, објавувал песни и во списанијата: Бранково коло (1906 — 1907, 1909 — 1911), Дело (1906), Нова искра (1906-1907), Срѓ (1906-1908), Српски књижевни гласник (1906, 1908, 1911), Словенски југ (1908), Вардар (1910), Зора (1910), Хрватски ѓак (1908-1909, 1911), Одјек (1912), Савременик (1911).
Митриновиќ е творец на футуристичкиот манифест во српската книжевност (Естетски контемплации, Босанска вила, 1913).Гојко Тешић, Антологија песништва српске авангарде (1902—1934), Светови, Нови Сад, 1993.
Повторното откривање на делата на Димитрија Митриновиќ е заслуга на Предраг Палавестра. Тој во хрестоматијата Книжевност на Млада Босна (Књижевност Младе Босне) (Сараево, 1965), во целост го рехабилитирал Митриновиќ, го вратил во контекстот на српската авангарда.
Наводи
Категорија:Родени 1880 Категорија:Починати 1953 Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Срби во Лондон Категорија:Српски книжевни критичари Категорија:Српски филозофи Категорија:Српски поети Категорија:Српски преведувачи Категорија:Српски теоретичари на книжевност Категорија:Чланови на Млада Босна Категорија:Соработници и уредници на Српски книжевен гласника Категорија:Родени во 1887 година Категорија:Починати во 1953 година