Сариташ — врв на планината Плачковица со надморска височина од 1.385 метри. Врвот се издига во северниот дел од планината, на огранката која се испушта од врвот Чупино кон запад.М., И.. „Плачковица — планина која треба да се посети и доживее!“, Игеографија, 24 март 2012. Врвот Сариташ се издигнува на северната падина во повнатрешниот дел на билото на Плачковица, помеѓу доловите во изворишните подрачја на Градечка и Виничка Река. Потеклото на самиот топоним доаѓа од турскиот јазик со значење на жолт (sari) камен (tekne), каква што впрочем е и жолтеникавата боја која ја има на камењата на самиот врв и срт.

Поврзано Лисец (Плачковица) Чупино Брдо (Плачковица) Туртел Кара Тепе (Плачковица)

Наводи

Категорија:Плачковица Категорија:Врвови во Македонија