Битка кај езерото Нароч е офанзива на руската војска во 1916 на Источниот фронт во Првата светска војна. Започнала по барањето на маршалот Жозеф Жофр со цел да се повлечат германските сили на исток, за да се намали притисок на Западниот фронт на француските воени сили. На 30 март, генералот Еверт наредил прекин на офанзивата.
Причини Офанзивата кај езерото Норич била покрената на барање на Франција, со надеж дека дел од германските трупи ќе бидат принудени да се повлечат кон исток и дека со тоа ќе се намали германскиот притисок. Николај II и го одбрал ова подрачје во денешната Белорусија за место на тој судир, со надеж дека неговата надмоќ во војска ќе биде ослучувачка. Германија ја имала својата Десеттата армија под водство на генералот Ејгхорни со реално помала ударна моќ.Podorozhniy N. E. (1938). Narochskaya operatsiya v marte 1916 g. na russkom fronte mirovoy voyni [The Naroch Offensive in March 1916 on the Russian Front of the World War] (in Russian) Moscow: Voenizdat. 1938
Битка
Руските артилериските гранатирања биле долги (траеле два дена). Но прецизноста не била нивна одлика, така што непријателските сили биле речиси неоштетени. Но војската која тргнала во напад била изложена на германските митралези. Русите зазеле 10 километри од територијата, но не нанеле сериозни штети на германската одбрана, која била добро организирана и утврдена.
Резултати
Целата операција претставувала голем неуспех, моралот кај руската војска паднал бидејќи не добиле каква било помош од страна на Франција и сојузниците. Генералот Алексеј Еверт, со наредба од 30 март одстапил од понатамошните напади поради незадоволителни резултати и топлото време кое предизвикувало дополнителни проблеми во мочуриштата.Подорожный Н. Е. Нарочская операция в марте 1916 г., М. 1938 стр. 167.
Наводи
Категорија:Битки на Источниот фронт во Првата светска војна Категорија:Битки на Руската Империја во Првата светска војна Категорија:Битки на Германија во Првата светска војна Категорија:Источен фронт во Првата светска војна Категорија:Судири во 1916 година