Нестор Фабијан Питана (роден на 17 јуни 1975) е аргентински фудбалски судија и поранешен актер.
На списокот на ФИФА влегол во 2010 година и за првпат судел репрезентативни меѓународни натпревари во КОНМЕБОЛ квалификациите за Светското првенство 2014. Од поголемите натпреварувања досега судел на Светските првенства во 2014 и 2018, Копа Америка 2015 и Куп на конфедерации 2017.
Исто така тој го судел и реваншот од финалето на Копа Либертадорес 2016 помеѓу колумбискиот Атлетико Насионал и еквадорскиот Индепендиенте дел Вале.
Категорија:Аргентински фудбалски судии Категорија:ФИФА судии Категорија:Фудбалски судии на Светското првенство во фудбал 2018 Категорија:Родени во 1975 година