Ханс Албрехт Бете ( - ) — германско-американски јадрен физичар кој направил значаен придонес кон астрофизиката,квантната електродинамика и физиката на цврсто тело, добитник на Нобеловата награда за физика во 1967 година за неговата работа за теоријата на ѕвездена нуклеосинтеза.
Во поголемиот дел од својата кариера, Бете бил професор на Корнеловиот универзитет.Available at www.JamesKeckCollectedWorks.org are the class notes taken by one of his students at Cornell from the graduate courses on Nuclear Physics and on Applications of Quantum Mechanics he taught in the spring of 1947. Во текот на Втората светска војна, тој бил одговорен за теорискиот оддел во тајната лабораторија Лос Аламос, која ги создаде првите атомски бомби. Таму тој имал клучна улога во пресметувањето на критичната маса на бомбите, како и развивањето на теоријата за имплозивниот метод кој се користел при Тринити и Дебелко, бомбата која била фрлена на Нагасаки.
По Втората светска војна Бете, исто така, одиграл важна улога во развојот на водородната бомба, иако тој првично се приклучил на проектот со надеж дека ќе докаже дека не можно да се направи. Бете подоцна заедно со Алберт Ајнштајн и Итниот одбор на атомските научници против јадрени тестирања и јадрената трка за вооружување. Тој помогнал да ја убеди администрацијата на Кенеди и Никсон да го потпишат Договорот за делумна забрана на јадрени тестирања во 1963 и Противбалистичкиот ракетниот договор и САЛТ.
Тој не престанал со својата истражувачка работа и продолжил да објавуваа трудови и во неговите деведесетти години, што го прави еден од ретките научници кои објавиле барем еден голем труд во својата област во текот на секоја деценија од неговата кариера, во неговиот случај станува збор за седумдесет години. Фриман Дајсон, кој бил еден од неговите студенти, својот учител го нарекол „Врвен решавач на проблеми во век“.
Младост Бете е роден во Стразбур на 2 јули 1906 година во тогашна Германија, како единец на Ана и Албрехт Бете професор доцент по физиологија на Стразбуршкиот универзитет. Иако неговата мајка била ќерка на професор на Стразбуршкиот универзитет а воедно и еврејка, тој бил израснат како протестант како и неговиот татко. И покрај тоа што имал верско минато, тој не бил верски определен подоцна во својот живот, и се опишувал себеси како атеист.
мини|лево|Бете на 12 годишна возраст, со своите родители
Неговиот татко ја прифатил позицијата професор и директор на Институтот за физиологија на Килскиот универзитет во 1912 година, а семејството се преселило во станот наменет за директорот во Институтот. Тој првично бил школуван дома од професионален учител како дел од група од осум девојчиња и момчиња. Семејството повторно се преселило во 1915 година, кога неговиот татко станал одговорен за новиот Институт за физиологија на Франкфуртскиот универзитет.
Бете се школувал во гимназијата „Гете“ во Франкфурт, Германија. Неговото образование било прекинато во 1916 година, кога се дознало дека боледува од туберкулоза, па тој бил испратен во Бад Кројцнах за да се опорави. Во 1917 година, тој се опоравил доволно за да се школува во месното „училиште“, а следната година бил испратен во приватниот интернат Оденвалдшуле. Тој повторно до крајот на своето средно образование ја посетувал гимназијата „Гете“, од 1922 до 1924 година.
По матурата Бете своето образование го продолжил на Франкфуртскиот универзитет. Тој одлучил да студира хемија. Наставата по физиката била слаба, исто така во Франкфурт работеле и истакнатите математичари како Карл Лудвиг Сигел и Ото Сас, на Бете не му се допаѓале нивните приоди, кои ја предавале математиката без да ги вклучат останатите науки. Бете сфатил дека бил слаб експериментатор тој си го уништил својот лабораториски мантил истурајчи врз него сулфурна киселина, за да увиди дека Валтер Герлах предавал напредна физика, која побудила голем интерес во него. Герлах заминал во 1925 година и бил заменет од Карл Мајснер, кој му посочил на Бете дека треба да студира на факултет кој има подобри предавања по теориска физика, као што бил Минхенскиот универзитет, каде што можел да студира кај познатиот физичар Арнолд Зомерфелд.
Бете се запишал на Минхенскиот универзитет во април 1926 година, при што Зомермерфелд го прифатил како студент по препорака на Мајснер. Зомерфелд предавал напреден курс за диференцијални равенки во физиката, што му се допаднало на Бете. Бидејќи бил мошне познат научник, Зомерфелд честопати ги добивал однапред примероците од научните трудови, по што истите биле ставени за дебата на неговите неделни предавања. Кога Бете пристигнал, Зомерфелд само што го добил трудот на Ервин Шредингер за брановата механика.
За својата докторска теза, Зомерфелд му предложил на Бете да ја испита електронската дифракција во кристалите. Како појдовна точка, Зомерфелд му го предложил трудот на Паул Евалд од 1914 година за рендгенската дифракција во кристалите. Бете се сеќава на тие моменти како бил премногу амбициозен и во потрага по поголема точност, неговите пресметки станале непотребно сложени. Кога за првпат го запознал Волфганг Паули, Паули му рекол: „По раскажувањата на Зомерфелд за тебе, очекував многу подобар труд од тебе“. Бете подоцна рекол дека знаејќи го Паули „тоа беше комплимент“.
Почетоци Откако Бете го добил својот докторат, Ервин Меделунг му понудил да биде асистент во Франкфурт, а во септември 1928 година Бете се преселил со својот татко, кој неодамна се развел од неговата мајка. Неговиот татко на почетокот на годината се запознал со Вера Конгел, и во текот на 1929 година се оженил со неа. Тие имале две деца, Дорис, родена во 1933 година, и Клаус, роден во 1934 година. Бете не ја сметал својата работата во Франкфурт за многу стимулативна, па во 1929 година прифатил понуда од Евалд во „Техничкото училиште“ во Штутгарт. Додека работел таму, тој го напишал својот најголем труд, („Теорија за минување на брзи честични зраци низ материјата“). Започнувајќи со толкувањата на Макс Борн на Шредингеровата равенка, Бете извел упростена равенка за судирните проблеми користејќи Фурјеова трансформација, која денес е позната како Бетеова равенка. Тој овој свој труд го поднел за неговата хабилитација во 1930 година.
Зомерфелд го препорачал Бете да ја добие патувачката стипендија од Рокфелероваta фондација во 1929 година. Ова му обезбедило 150 долари месечно (околу $.000 во долари ) за студирање во странство. Во 1930 година, Бете избрал својата постдокторска работа да ја обави во Кевендишовата лабораторија на Кембричкиот универзитет во Англија, каде што работел под надзор на Ралф Фаулер. По барање на Патрик Блекет, кој работел со Вилсонова комора, Бете запишал нова релативистичка равенка за Бетеовата равенка. Бете исто така бил познат по неговиот хумор, а со Гвидо Бек и Волфганг Ризлер, двајца други постдокторндски научни соработници, создадале труд за „За квантната теорија при температурата од апсолутна нула", каде ја пресметал константата на фината структура од апсолутната нула изразена преку целзиусови степени. овој труд потикнал смеа за одредена класа на трудови за теориска физика, кои биле целосно шпекулативни и засновани на сомнителни бројчени записи како што бил обидот на еденпрвичен труд на Артур Едингтон да ја објасни вредноста на константата на фината структура од основните величини. По што тие биле присилени официјално да се извинат.
За втората половина од неговата стипендија, Бете во февруари 1931 година избрал да работи во лабораторијата на Енрико Ферми во Рим. Тој бил во голема мера импресиониран од Ферми и се покајал што првично не заминал во Рим. Бете го оформил Бетеовиот анзац, метод за изнаоѓање на точните решенија на единечните вредности и единечните вектори за одредени еднодимензионални квантни модели за повеќе тела. Тој бил под влијание на Фермиевата едноставност и Зомерфелдовата строгост во пристапот на проблемите, и сите овие квалитети го прателе до крајот на неговиот иустражувачки живот.
Рокфелеровата фондација му понудила продолжување на неговата стипендија, овозможувајќи му да се врати во Италија во 1932 година. Во меѓувреме, Бете работел со Зомермерфелд во Минхен како „приватдоцент“. Бидејќи Бете течно зборувал англиски, Зомерфелд го назначил да ги надгледува сите негови постдокторанди од англиското говорно подрачје, вклучувајќи го и Лојд Смит од Корнеловиот универзитет. Бете го прифатил барањето на Карл Шил да напише статија за „Прирачникот за физиката“ за квантната механика на водородот и хелиумот. Разгледувајќи ја статијата неколку децении подоцна, Роберт Бахер и Виктор Вајскопф забележале дека е невообичаено задлабочена и опширина во опфатот на темата, но била потребна само мала измена за изданието од 1959 година. Од Бете од страна на Зомерфелд било побарано да му помогне со трудот за електроните во металите. Трудот ја опфатил основата на она што сега се нарекува физика на кондензирана материја. Бете се вклучил во за него ново поле на физиката и обезбедил јасно, совпадливо и целосно покритие на истата. Неговата работа на статиите од прирачникот опфатила поголем дел од неговото време во Рим, но исто така успеал да биде соавтор со Ферми на друго ново поле од физиката, квантната електродинамика, опишувајќи ги релативистичките заемодејства на наелектризираните честички.
Во 1932 година Бете бил назначен за помошник професор на Тибингенскиот универзитет, каде Ханс Гајгер бил професор по експериментална физика. Еден од првите закони што ги донела новата национално-социјалистичка влада бил Законот за возобновување на професионалната државна служба. Поради неговото еврејско потекло, Бете бил отпуштен од својата работа на универзитетот, која била државно работно место. Гајгер одбил да помогне, но Зомерфелд веднаш го повикал назад Бете на Минхенскиот универзитет. Зомермфелд поминал поголем дел од летото во 1933 година, наоѓајќи места за еврејските студенти и колеги.
Бете ја напуштил Германија во 1933 година и се преселил во Англија, откако добил понуда да биде предавач професор на Манчестерскиот универзитет околу една година благодарение на познанството на Зомерфелд со Вилијам Лоренс Брег. Тој се преселил и живеел заедно со својот пријател Рудолф Пирлс и неговата сопруга Џенија. Пирлс исто така бил германски физичар, на кого му било забрането да добива академски работни места во Германија, бидејќи неговите родители биле евреи. Ова значело дека Бете имал со кого да говори на германски и не морал да ја јаде англиската храна. Нивниот однос бил професионален, како и личен. Пирлс предизвикал интерес кај Бете за јадрената физика. Откако Џејмс Чедвик и Морис Голдхабер го откриле фотораспадот на деутериум, Чедвик ги повикал Бете и Пирлс да излезат со теоретско објаснување за оваа појава. Ова тие двајца го разрешиле на четиричасовното патување со воз од Кембриџ до Манчестер. А во наредениот период Бете продолжил подлабоко да ја истражува појавата.
Во 1933 година, одделот за физика на Корнеловиот универзитет бил во потрага по нов теориски физичар, а Лојд Смит упорно го препорачувал Бете. Ова го поддржувал и Брег, кој во тоа време бил во посета на Корнел. Во август 1934 година, Корнеловиот универзитет му понудил на Бете работно место како помошник професор. Бете веќе имал стипендија за една година да работи со Невил Мот на Бристолскиот универзитет во текот на еден семестар, при што Корнеловиот универзитет се согласил да му дозволи да започне во пролетта 1935 година. Пред да замине за САД , тој го посетил институтот на Нилс Бор во Копенхаген во септември 1934 година, каде ја запросил Хилде Леви, која прифатила да му биде сопруга. Сепак на овој брак се спротивставила мајката на Бете, бидејќи не сакала својот син да се ожени со еврејка, иако и самата била еврејка, по што Бете ја прекинал свршувачката неколку дена пред свадбата во декември. Нилс Бор и Џејмс Франк биле толку шокирани од однесувањето на Бете, што повотрно го поканиле на институтот дури по завршувањето на Втората светска војна.
САД