мини|десно|250п|Пуцк во 1909 г. мини|десно|250п|Болница за сиромашни во стилот фахверк (XVIII век), денес Музеј на Пучкиот крај. мини|250п|Плажа во Пуцк. Пуцк (; ; ; ; ) — град во Источното Поморје, северозападна Полска, на Пучкиот Залив на Балтичкото Море. Градот има 11.265 жители (2017)Податоци за Пуцк — Полска во бројки и е седиште на Пучкиот Округ во Поморското Војводство.
Историја Местото добило на важност како пазариште и пристаниште уште во VII век. Во 1309 г. потпаднало под власта на Тевтонскиот ред како дел од областа Померелија, и во 1348 г. добил градски права. Како и остатокот од Кралството Прусија, во 1454 (1466) г. влегол во состав на Полска и станал регионално седиште. Полските владетели направиле обид да создадат трговска флота во Данциг (Гдањск), но не добиле дозвола од градот, кој во тоа време бил независен во состав на сојузот Ханза. Во 1567 г. е договорено дека полските бродови мора да пристигаат во Пауцке (Пуцк).
Во 1772 г. со поделбата на Полска, Пуцк влегол во Кралството Прусија и бил пруски град до крајот на Првата светска војна, кога ѝ е вратен на Полска согласно Версајскиот договор. Пуцк останал единствениот полски пристаништен град сè до изградбата на пристаништето во Гдиња во 1920-тите и имал улога на главна поморска база на полската држава сè до Втората светска војна.
Како и другите делови до Полска, градот е заземен од Германците во 1939 г. Полската војска пружала жесток отпор, и градот бил умерено бомбардиран. Со завршетокот на војната, во 1945 г. Пуцк станал дел од новооснованата комунистичка држава НР Полска.
Знаменитости Градска управа (1865) Црква „Св. Петар и Павле“ (XIII век) Достоинственички куќи на главниот плоштад, XVII век, (обновени во XIX век) Потопено пристаниште (VIII - X век) околу 500 м од брегот Остатоци од замокот (XIV век) Споменик на Јузеф Халер фон Халенбург и Венчавањето на Полска со морето Музеј на Пучкиот крај Дрвен пристан Сидриште Пештери кај Мехово Приморски пределен парк
Збратимени градови Пуцк е збратимен со следниве градови:
Гере, Франција Конц, Германија Ќешин, Полска Штајн, Германија
Поврзано Пучки Залив Пуцк (општина) Хел Јастарња Килибарен пат
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Пуцк Градски портал на Пуцк
Категорија:Градови во Поморското Војводство Категорија:Пучки Округ Категорија:Западна Прусија