Јелена Лужина (родена , ) ― хрватско-македонска професорка на Факултетот на драмски уметности во Скопје.

Животопис

Дипломирала на Филозофски факултет во Загреб, на смерот Југословенска и компаративна книжевност. Во Хрватска работела како раководител во културни установи, драматург и наставник во високото образование.

Од 1987 година, таа живее и работи во Македонија, како сопруга на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Докторирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Била професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот „македонска драма и театар“.

Доаѓањето во Македонија, запознавањето одблизу со македонската култура и уметност, како и вонредната нејзина желба да се создаде нова научна театролошка мисла, според нејзините зборови, овозможуваат да ги постави сериозните основи на театрологијата и да воведе нов начин на театролошко образование во Македонија.

Иницирала отворање последипломски студии по театрологија на ФДУ. Член е на ДПМ и на македонскиот ПЕН-центар.

Во 1999 година, таа го основала Институтот за театрологија.

Била организатор и раководител на театролошкиот симпозиум на фестивалот „Војдан Чернодринкси“ во Прилеп и е добитник на наградата за животно дело Војдан Чернодрински.

Автор е на студиите „Македонска битова драма““, „Нова македонска драма и „Театралика“, како и на повеќе теориски и есеистички студии од областа на театрологијата како монографијата „Прличко“ и анталогијата „Нова европска драма“.

Ја реализирала првата македонска дигитална театарска енциклопедија „Театарот на почвата на Македонија“ (2003), за која заедно со тимот, ја добила највисоката државна награда за наука „Гоце Делчев“, истата година.

Го втемелила Музејот на МНТ, кој е виртуелен/дигитален проект.

Нејзината книга „Марин Држиќ: Комедии и пасторали“ во 2009 година, таа ја добила наградата „Davidias“, за која Друштвото на хрватските писатели ја доделува за најдобар превод на хрватската книжевност објавен во странство.

Наводи

Категорија:Луѓе од Дубровник Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Доктори на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски Хрвати Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“