Нада Ицева-Салџиева ( во Павлешенци — во ) — падобранец и падобрански инструктор.
Животопис
Нада Ицева-Салџиева била падобранец и падобрански инструктор. Била член на аероклубот во Скопје од 1954 година. Со падобран има скокнато 1.150 пати.
Првенството на Југославија го освоила пет пати (1956, 1958, 1959, 1960, 1964), а како репрезентативка на Југославија учествувала во Светскиот јадрански куп во Тиват (1957 и 1959) и Порторож (1963), како и државниот тримеч во Софија (1957) и во Букурешт, една година подоцна. Ицева-Салџиева поставила неколку апсолутни републички и државни рекорди, а за најдобар спортист на Македонија била прогласена во 1956 година.
Наводи
Категорија:Македонски падобранци Категорија:Павлешенци