Цветанка Јакимовска ( во Перник — ) — македонска глумица во Драмата на МНТ (1945-1983), каде што ѝ се пензионирала.
Филмографија Домот на татко ти (1967) Македонска крвава свадба (1967) Стотиот чекор (1968) Антица (1969) Слики од дрво (1970) Розенберговите не треба да умрат (1970) Вујковиот сон (1970) Залез над езерска земја (1973) Подарок (1974) Учителот (1980) Првите цутови (1981) Премиера (1983) Комедијанти (1984) Сомнително лице (1985) Македонски народни приказни (1986) За трошка среќа (1987) Скопски сновиденија (1988)
Животопис
Својата 38-годишна кариера (1945-1983) главно ја минала играјќи во Македонскиот народен театар. Учествувала во претстави на Театарот за деца и младинци во Скопје, проекти за радио и телевизија, а се појавила и на филмското платно.
Значаен дел од својата кариера посветува на говорењето поезија, на тој начин гостувајќи во Соединетите Држави, Канада, Австралија. Меѓу нејзините улоги се бројат и оние во претставите „Шума“, „Галеб“, „Глорија“, „Габи“, „Домот на Бернард Алба“, „Гоце“, „Бегалка“ и други.
Наводи
Категорија:Глумци од Перник Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци