Марија Лазаревиќ ( во ) — македонска универзитетска професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Животопис
Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1959), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1974), каде што работела од 1960 година (доцент од 1972 г., а редовен професор од 1982 г.) сè додека не се пензионирала во 1999 година. Автор е на научни трудови и на научноистражувачки проекти.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори