Гордана Гацева-Богоева ( во ) — македонска универзитетска професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник во подрачјето на полимерите.

Животопис

Се школувала во Белград во Софија и во Москва и е дипломец, магистер и докторант на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1987). Има повеќе специјализации во земјата и во странство. Работи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (од 1978 г.), а како редовен професор од 1999 година.

Подрачја: хемија, физичка хемија, технологија на синтетски полимери и влакна, како и на полимерни композитни материјали.

Автор е на учебници и помагала, како и на бројни научни трудови, патенти и истражувачки проекти.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски научници