Мирјана Јоноска ( во ) — македонска физичарка и универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Животопис

Докторирала на ПМФ во 1975 година со тема за дифракција на кружните препреки со асиметрична траспаренција и фаза. Специјализирала во Брајтон. На ПМФ, покрај професор по општа физика, електромагнетизам и демонстрациони експерименти од физика, била и продекан на Факултетот за физика (1979-1981), како и претседател на ДФМ, од 1986 до 1988 година.

Во својата кариера има објавено над 100 статии од полето на физичката оптика и повеќе од 100 стручни трудови, средношколски и универзитетски учебници.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски физичари Категорија:Македонски универзитетски професори