Љубица Шутуркова (моминско: Данчова; во ) — македонски фармацевт и универзитетска професорка на Фармацевтскиот факултет во Скопје, раководителка на Институтот по фармацевтска хемија.
Животопис
Била декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје од 1998 до 2004 година. Од 2004 година е проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседател на Фармацевтската комора на Македонија (1999-2000 година). Има објавено над 60 научни и стручни трудови и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Автор е на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник“. Била раководител и учесник на неколку научни-истражувачки и стручни проекти. Посебен придонес има за унапредувањето на фармацевтската едукација во земјава.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски фармацевти Категорија:Македонски универзитетски професори