Феликс Арвид Улф Шелберг (; роден на 24 октомври 1989 г.), попознат како Пјудипај (англиски: PewDiePie) — шведски јутубер и коментатор на игри. Тој е познат по Let's Play-коментаторството и снимањето видеоблогови, а исто така е поранешен сопственик на Јутуб-каналот со најмногу претплатници.

Ран живот и образование Феликс е роден на 24 октомври 1989 година во Гетеборг, каде што и пораснал. Тој е син на Лота Кристине Јохана (родена 1958) и Улф Кристијан Шелберг (роден 1957) и израснал со неговата постара сестра Фани. Неговата мајка, поранешна главна директорка за информатички технологии (CIO), била прогласена за CIO на годината во Шведска во 2010 година. Неговиот татко е корпоративен извршен директор.

Категорија:Јутјубери Категорија:Луѓе од Гетеборг Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година