Сантјаго де Куба () — втората покраина по број на жители во Куба. Во неа живеат околу 1,2 милиони луѓе; најголемиот град, Сантјаго де Куба (554.000) е главен административен центар. Други поголеми градови се Палма Соријано (125.000), Контрамаестре (88.000), Мајари Ариба (80.000), Сан Луис (65.000) и Сонго-ла Маја (50.000).
Покраината е богата со прородни ресурси како железо и никел. Меѓутоа стопанството е главно земјоделско, со големи плантажи на банани, какао и кафе ширум нејзините пространства. Околу главниот град индустријата е во подем, а исто така и туризмот. Природната убавина на овие краишта привлекуваат многу туристи од КУба и од светот.
Во покраината Сантјаго де Куба се случиле многу битки, во војната за независност, како и во Кубанската револуција (1959), каде голем дел од герилските борби се одвивале по планините.
Општини ОпштинаНаселение(2004)Површина(км²)МестоположбаГвама (Чивирико)КонтрамаестреМелјаПалма СоријаноСан ЛуисСантјаго де КубаСегундо Френте (Мајари Ариба)Сонго-Ла МајаТерсер Френте (Крусе де лос Бањос)
Извор: Население од пописот во 2004 г. Површина според општинската прераспределба од 1976 г.
Наводи
Надворешни врски Портал на покраината Сантјаго де Куба Туристички портал на Сантјаго де Куба
Категорија:Покраини во Куба Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година