Тезкеречи Ахмед-паша (), попознат како Хезарпаре Ахмед-паша по неговата смрт — отомански голем везир и министер за финансии.

Младост Ахмед бил син на професионален војник, најверојатно со грчко потекло. Наместо да оди по стапките на татко си, и да служи во отоманската војска, тој одбрал да се занимава со бирократија. Бил назначен на неколку работни позицвии, а една од тие била и личен секретар (тезкеречи) на големиот везир Кеманкеш Мустафа-паша, стекнувајќи го епитетот тезкеречи по неговото назначување. Во 1646 година, две години по погубувањето на Мустафа-паша, тој бил назначен за министер за финансии, и во 1647 бил назначен за голем везир, највисоката положба во отоманската бирократија.Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, p. 101-103

Голем везир Султанот IИбрахим I (познат и како Ибрахим лудиот) особено умствено нестабилен султан. Тој бил обожавател на капути од самурско крзно и го присилувал големиот везир да купува огромни количества на самурско крзно за неговата палата. Од оваа причина, Ахмед-паша морал поголем период од работното време да го минува тргувајќи со крзно наместо со државните работи. За време на негопвото управување, Венецијанската морнарица го блокирала теснецот Дарданели, и Венеција ја освоила тврдината Клис (денешна Хрватска, Погледајте Критска војна (1645-1669). Дополнително, големите набавки на самурско крзно направиле голем дефицит во буџетот, кој веќе бил оптоварен од војната.Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 pp. 96-97

Смрт Во 1648 година, Ахмед-паша нанел нови високи даноци за да се задоволат потребите за трошење во буџетот. Сепак, овој негов чекор придонел за бунт меѓу населението на Отоманското Царство. Тој бил линчуван на 8 август 1648 година, и неговото тело било расечено на многубројни парчиња од бесната маса народ. Епитетот Хезарпаре е со персиско потекло и го добил по својата смрт, со значење „илијада парчиња“, и се однесува на она што му се случило на телото по неговото линчување. Неколку дена по убиството на Ахмед-паша, бил убиен и султанот Ибрахим I.

Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство Список на министри за финансии на Отоманското Царство

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Паши Категорија:Министер за финансии (дефтердар) Категорија:Линчувани луѓе во Отоманското Царство Категорија:Родени во непозната година