Ванчо Бурзевски ( во — во ) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, економист, универзитетски професор и амбасадор.
Животопис Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938–1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ, тој бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за Овчеполската околија, секретар на ОК на КПМ во Гостивар, член на Окружниот комитет на КПМ во Тетово, секретар на Првиот областен комитет на КПМ, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат на Првото заседание на АСНОМ и заменик-политички комесар на дивизија на НОВЈ. За време на НОБ, Бурзевски бил вклучен во една од најконтроверзните епизоди околу убиството на партизанката Лена Стојчевска.„Стрелањето на партизанката Лена“, Македонска марксистичка архива
По Ослободувањето, тој бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација и помошник на министерот за аграрна реформа и колонизација при Владата на ФНРЈ, началник на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизиона комисија на КПЈ, министер за земјоделство во Владата на НРМ, министер за стопанство во Владата на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на КПМ, член на Главниот одбор на ССРНМ и СЗБНОВ на Македонија, амбасадор на СФРЈ во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 229
Трудови Економика на аграрот, учебник, три изданија -1959, 1961 и 1963 Економската положба на македонските селани помеѓу двете светски војни, Скопје, 1982 Увод во научната работа, учебник, 1981 Дијалектиката на Титовото дело, 1983 Ефикасна поединечна наобразба, 1983 Колонизација и деколонизација на Македонија, 1987 Неодминлив развоен период, Скопје, 1999 Одбрани статии, библиографско издание, книга I, II и III О колонизацији Македоније, Скопје, 1945 Некои аспекти на односите село-град, ноември 1959 Ситното стопанство во денешни услови Проблеми на интеграцијата во земјоделството, 1972 Значењето на економското натпреварување помеѓу СССР и САД Проблеми во исхраната во светот Зошто Југославија не направи национализација на земјата
Наводи
Категорија:Луѓе од Немањици Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски амбасадори Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Југословенски амбасадори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ