Сезоната 2018/19 на КК Работнички - 27. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 73. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил првак во Купот, додека во Првенството бил вицепрвак.
Преглед на сезоната Претсезонски подготовки и промени Во средината на јули, Бобан Стајиќ потпишал за Работнички, кој ланската сезона настапувал во Куманово 2009. Неколку дена подоцна, исто поранешен играч на Куманово, Марјан Јанески одлучил да игра за Работнички.
Потоа, поради ангажирањето на Стајиќ, разигрувачот Петар Николиќ продолжил во Блокотехна.
Во екипата од ланската сезона, останале Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Бојан Крстевски, Димитар Мираковски, Димитар Караџовски и Чавдар Костов.
Центарот од ланската сезона, Шон Еванс ја продолжил својата кариера во грчкиот Ифаистос Лимну. Во септември, Расел Робинсон, потпишал за бугарскиот Левски. Неколку дена подоцна, Маркус Гинјард потпишал и заминал во романска Орадеа.
Октомври Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на АВ Охрид и го победил со 44:94. Кирил Николовски имал 16 бода, Бојан Крстевски остварил десет скокови, додека Чавдар Костов завршил со пет асистенции.
Во второто коло Работнички дома го победил Пелистер со 95:56. Најдобар бодтер бил Марјан Јанески со 22 бода, најуспешен скокач бил Кирил Николовски со осум скокови, а Виктор Ефремовски и Чавдар Костов имале по четири асистенции.
Во третото коло Работнички на домашен терен го победил Кожув со 102:75. Чавдар Костов постигнал 29 бода, Кирил Николовски остварил шест скокови, а Димитар Караџовски завршил со седум асистенции.
Во четвртото коло Работнички на гости го победил Куманово 2009 со резултат 70:82. Кирил Николовски бил најдобар бодтер со 18 бода. Бојан Крстевски, Чавдар Костов и Николовски, како најдобри скокачи, завршиле со по седум скокови. Најмногу додавања имале Димитар Мираковски и Димитар Караџовски, односно четири.
Ноември Во петтото коло Работнички бил слободен.
На 7 ноември бил организиран хуманитарен натпревар помеѓу актуелниот состав на Работнички и ветерани односно поранешни истакнати играчи на клубот. Во составот на ветераните биле: Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Перо Блажевски, Ристе Стефанов, Марјан Србиновски, Александар Димитровски, Енес Хаџибулиќ, Борис Нешовиќ, Александар Јончевски. Тренер на екипата на ветераните бил Лазар Лекиќ.
Во шестото коло Работнички на гости го совладал МЗТ Аеродром со 88:90. Марјан Јанески натпреварот го завршил со 30 бода, Чавдар Костов остварил девет скокови, а Димитар Караџовски стигнал до шест асистенции.
На 14 ноември, во Градски Парк, Работнички одиграл пријателски натпревар со ЈБА-екипата, односно кошаркари од младинската кошаркарска лига на САД. Работнички победил со 127:122.
Во седмото коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 92:87. Кирил Николовски и Чавдар Костов биле најдобри стрелци со 18 бода. Николовски завршил и со девет скокови, а Димитар Караџовски остварил шест асистенции.
Во осмото коло Работнички како гостин загубил од Блокотехна НБ со 75:61. Чавдар Костов постигнал 16 бода, Бојан Крстевски остварил 7 скокови, додека Марјан Јанески завршил со четири додавања.
Декември Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил Шкупи со 96:58. Истакнати играчи биле Виктор Ефремовски со 21 бод, Славчо Темелковски со девет скокови, и Димитар Мираковски со девет додавања.
Во десеттото коло Работнички како гостин го победил Вардар со 89:107. Бојан Крстевски бил најуспешен стрелец со 22 бода, Марјан Јанески завршил со 7 скокови и Бобан Стајиќ остварил пет додавања.
Во единаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 89:78. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 30 бода, Бојан Крстевски со девет скокови и Димитар Мираковски со шест додавања.
На крајот на декември, помошникот-тренер, Александар Јончевски, го напуштил Работнички и станал главен тренер на Кожув.
Јануари На почетокот на 2019 година, на местото помошник-тренер, во Работнички пристигнал Игор Михајловски.
Во средината на јануари, резервниот центар Славчо Темелковски се преселил во Вардар.
Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против АВ Охрид со 96:54. Најдобар бодтер бил Марјан Јанески со 24 бода, со десет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски, и Димитар Мираковски заедно со Бобан Стајиќ завршиле како најдобри додавачи со седум додавања.
Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Пелистер со 63:110. Најистакнати кошаркари биле Чавдар Костов со 40 бода и шест скокови, и Бобан Стајиќ со седум додавања.
Февруари Во четиринаесеттото коло Работнички на гостински терен го поразил Кожув со 73:84. Чавдар Костов остварил 24 бода и девет скокови, додека Димитар Мираковски завршил со пет додавања.
Во петнаесеттото коло Работнички дома го победил Куманово 2009 со 88:79. Димитар Мираковски и Чавдар Костов оствариле по 19 бода, Бобан Стајиќ имал пет скокови и 11 додавања, исто скокови како и Бојан Крстевски.
Март Во шестнаесеттото коло Работнички бил слободен.
Во седумнаесеттото коло Работнички на домашен терен бил поразен од МЗТ Аеродром со 70:74. Науспешен бодтер бил Бојан Крстевски со 19 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со 11 скокови, и Димитар Мираковски завршил со десет додавања.
Во осумнаесеттото коло Работнички на гости го победил Фени Индустри со 66:72. Димитар Караџовски имал постигнато 20 бода и пет додавања, додека Чавдар Костов остварил девет скокови.
Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против Блокотехна НБ со 94:77. Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 27 бода и осум скокови, додека Бобан Стајиќ имал пет додавања.
Во дваесеттотто коло Работнички на гости го победил Шкупи со резултат 77:120. Најдобар бодтер бил Виктор Ефремовски со 23 бода, Марјан Јанески и Бојан Крстевски имале седум скокови, а најуспешни додавачи биле Бобан Стајиќ и Бојан Крстевски со седум додавања.
Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Вардар со 84:61. Чавдар Костов имал 17 бода, Бојан Крстевски заедно со Марјан Јанески и Димитар Мираковски кој остварил седум додавања, завршиле со четири скокови.
Во дваесет и второто коло Работнички го победил Гостивар на гостински терен со 61:85. Најдобар играч бил Бобан Стајиќ со 16 бода и 8 додавања, исто толку бодови како и Бојан Крстевски, додека најдобри скокачи биле Димитар Караџовски и Чавдар Костов со седум скокови.
Април На 4 април, на Работнички, му истекла суспензијата за странски играчи како засилувања, дадена од ФИБА. Причина за суспензијата била долг на Дарко Чохадаревиќ, играч од ланската сезона.
Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнале Србинот со македонски пасош Стефан Младеновиќ кој се преселил од АВ Охрид, и Ксавиер Џонсон кој од екипата на Тексас Леџендс, клуб од Г-Лигата односно развојната лига на НБА. Но според МКФ, Џонсон имал несоответна документација, и Работнички упатил жалба и кривична пријава кон Федерацијата. Исто така, во екипата пристигнал кошаркарот од САД со македонски пасош Дариус Вашингтон кој последен пат играл за Тим ДРЦ во САД.
Поради повреда на Кирил Николовски уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството.
Во меѓувреме, младинците Андреја Деолски и Дамјан Крстевски се преселиле во Шкупи односно Вардар.
Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил Куманово 2009 со 57:75. Бојан Крстевски имал 22 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со седум, додека Димитар Мираковски завршил со девет додавања.
Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата 26 Април во Гевгелија го победил Куманово 2009 со резултат 104:80. Бојан Крстевски остварил 24 бода, со најмногу скокови (шест) бил Ѓорѓи Чековски, а најдобри додавачи биле Димитар Мираковски и Димитар Караџовски со шест додавања.
Во полуфиналето Работнички, по две продолженија, го победил МЗТ Аеродром со резултат 93:89, откако по 40 минути било 72:72. Чавдар Костов остварил 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал десет скокови, а Бобан Стајиќ завршил со шест додавања.
Во финалето Работнички ја победил Блокотехна НБ со 71:85, и ја освоил десеттата Куп титула. Чавдар Костов постигнал 25 бода и 11 скокови, а Бобан Стајиќ завршил со осум додавања.
Откако МКФ одлучила дека салата Градски Парк нема доволно услови за одржување на кошаркарски натпревари во Супер лигата, решила да го суспендира теренот. Како алтернативен домашен терен, Работнички го одбрал спортскиот центар Борис Трајковски - Вип арена.
Во второто коло од Супер лигата, поради зафатеност на Вип арената, Работнички одиграл како домашна екипа во салата Младост во Гостивар. Во тој натпревар, Работнички остварил победа против Кожув со 88:56. Бобан Стајиќ имал 18 бода и шест додавања, додека Бојан Крстевски дошол до девет скокови.
Во третото коло Работнички загубил на гости од Гостивар со 80:70. Најдобри поединци биле Чавдар Костов со 16 бода и осум скокови, и Димитар Караџовски со пет додавања.
Арбитражната комисија при Македонската кошаркарска федерација одбила да го регистрира Ксавиер Џонсон како играч на Работнички.
Мај Во четвртото коло од Супер лигата, Работнички одиграл како домашна екипа во салата Негорски Бањи во Гевгелија. Работнички загубил против Блокотехна НБ со 63:82. Дариус Вашингтон имал 25 бода, Димитар Караџовски завршил со седум скокови и пет додавања, исто скокови како и Ѓорѓи Чековски.
Во петтото коло Работнички на гости загубил од МЗТ Аеродром со 85:63. Чавдар Костов имал 18 бода и шест скокови, исто скокови како и Марјан Јанески, а Димитар Караџовски бил со три додавања.
По поразот од МЗТ Аеродром, Работнички и Дариус Вашингтон ја прекинале соработката.
Во шестото коло Работнички во салата Младост, како дома, го победил Куманово 2009 со резултат 97:71. Најистакнати кошаркари биле Бобан Стајиќ со 24 бода, 12 додавања и четири скокови, ист број на скокови како и Чавдар Костов, Димитар Караџовски и Марјан Јанески.
Во седмото коло Работнички на гости победил против Кожув со 79:85. Најистакнат стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 22 бода и осум скокови, а Бобан Стајиќ имал по пет додавања.
Во осмото коло Работнички, како домаќин во салата Перо Наков во Куманово, го поразил Гостивар со 99:70. Чавдар Костов имал 28 бода, најдобар скокач и додавач бил Бобан Стајиќ со седум скокови и пет додавања.
Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од Блокотехна НБ со 90:89. Најдобри стрелци биле Димитар Караџовски, забележал и шест додавања, и Чавдар Костов со 20 бода. Марјан Јанески и Костов завршиле со шест скокови.
Во десеттото коло Работнички дома, во салата Перо Наков, победил против МЗТ Аеродром со 88:84. Наистакнат бодтер и скокач бил Чавдар Костов со 24 бода и 12 скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до осум додавања.
Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички како домаќин во Вип арената ја победил Блокотехна НБ со 87:79. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 25 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со 15 скокови, а Димитар Караџовски остварил 11 додавања.
Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен загубил од Блокотехна НБ со 85:58. Најдобар бодтер бил Димитар Мираковски со 11 бода, најистакнат скокач бил Ѓорѓи Чековски со девет скокови, а најуспешен додавач бил Бобан Стајиќ со четири асистенции.
Во третиот натпревар од полуфиналето, Работнички во Вип арената ја поразил Блокотехна НБ со 91:73. Најдобар стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 19 бода и 12 скокови, а Димитар Караџовски завршил со девет додавања.
Јуни Во четвртиот натпревар, Работнички на гости загубил од Блокотехна НБ со 93:79. Најистакнати играчи биле Чавдар Костов со 18 бода, Бојан Крстевски и Стефан Младеновиќ со по пет скокови, и Ѓорѓи Чековски со шест додавања.
Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 88:78, повторно победил дома и со 3:2 во победи ја елиминирал Блокотехна НБ. Најдобри стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 27 бода и 11 скокови, додека најистакнати додавачи, со шест додавања, биле Марјан Јанески, Бобан Стајиќ и Димитар Караџовски.