Александар Штерјов (роден 15 мај 1986 во Скопје) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на центарската позиција во Кожув.

Клупска кариера За сезоната 2006/07, Александар настапувал во МЗТ Аеродром. Во сезоната 2007/08, Штерјов ја минал во редовите на второлигашот Торус. Таа сезона, Штерјов со Торус станал второлигашки првак и бил унапреден во Првата лига. И во следната сезона, Штерјов продолжил да настапува во Торус. Сезоната 2009/10, Штерјов ја започнал во новиот прволигаш Плејмејкер Кубус. Но за време на полусезоната, Штерјов се преселил во Вардар, екипа која подоцна отпаднала од елитата. Следната сезона ја минал Втората лига со Вардар, каде станувајќи првак, се вратил во Првата лига. Сезоната 2011/12, Штерјов ја започнал во Вардар, но на полусезоната се преселил во МЗТ Аеродром. Токму со МЗТ, Штерјов станал првак во Купот 2012 и Првенството. За сезоната 2012/13, Штерјов заиграл за Кожув. Таа сезона, тој заедно со Кожув, станал вицепрвак во Лигата. Следната сезона, Александар ја продолжил соработката со Кожув. Во август 2014 година, Александар станал играч на Куманово 2009. Таа сезона, Штерјов повторно станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2015/16, Штерјов повторно потпишал за Кожув. Следната сезона, Штерјов продолжил во гевгелискиот клуб. Во сезоната 2017/18, Александар повторно заиграл за Куманово. За сезоната 2018/19, Штерјов се преселил во редовите на Кожув по третпат. Штерјов ја променил средината и потпишал за АВ Охрид за сезоната 2019/20. Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Штерјов се преселил во Гостивар. За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар. мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05 (1) мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05 мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05.2018 мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г. мини|(Куманово - МЗТ) 10.11.2017

Успеси

Торус Втора македонска лига (1) : 2007/08 Вардар Втора македонска лига (1) : 2010/11 МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2011/12 Куп на Македонија (1) : 2012

Наводи

Надворешни врски Профил на Александар Штерјов на eurobasket.com Профил на Александар Штерјов на fiba.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Кошаркари од Скопје