Валтер Херман Нернст (Вомбжезно, 25 јуни 1864. - Нивица, 18 ноември 1941.) — германски физичар и хемичар, познат по неговата работа на полето на термохемијата. Неговата формулација на Нернстоновата топлинска теорема помогнала да се отвори патот за третиот закон на термодинамиката, за која тој ја добил Нобеловата награда за хемија, во 1920 година.
Живот и дело Роден е во западна Прусија, во Вомбжезно (денешна Полска). Студирал физика и математика на универзитетите во Цирих, Берлин, Грац и Вирцбург. Докторирал во 1889 година на Универзитетот во Лајпциг. Од 1891 година бил професор по физичка хемија на Универзитетот во Гетинген, а од 1905 година преминал на Универзитетот во Берлин, каде во периодот од 1924-1933 година бил назначен за управител на Институтот за експериментална физика.
Во 1897 година, тој ја изумил т.к.н. Нернстова лампа, која претставувала светлостен извор со филамент направен од оксиди на циркониум и итриум, а која сѐ уште е значајна во полето на инфрацрвената спектроскопија. Како еден од основоположниците на современата физичка хемија, тој придонел во потврдувањето на Арениусовата теорија за електролитна дисоцијација. Во 1889 година, тој ја поставил Нернстовата равенка за одредување на зависноста на рамнотежниот напон на галвански елемент од активитетот на супстанците кои учествуваат во електрохемиската реакција.
Во 1906 година, го поставил третиот закон на термодинамиката (Нернстов закон). Во 1910 година, ја докажал Ајнштајновата теорија за специфичниот топлински капацитет на цврсто тело, а во 1912 година фотохемискиот еквивалент. Ја открил и термомагнетната појава (Нернстов ефект), кај која во примерок (спроводник или полуспроводник) поставен во магнетно поле, кое е вертикално во однос на насоката на температурниот градиент, предизвикан од протокот на топлина низ примерокот, која пак е предизвикан од разликата во температурата на неговите краеви, се јавува напречна термоелектрична сила; доколку пак на примерокот се делува со идентично поставено магнетно поле и проток на струја, се јавува температурен градиент.
Неговите придонеси во теоретската физика како што се: теоријата за галванските елементи, термодинамиката на хемиската рамнотежа, својствата на пареите при висока температура и цврстите супстанци на ниски температури и фотохемијата нашле и голема практична примена во индустријата. Нернст бил извонреден експериментатор и теоретичар, па затоа со примери придонел хемичарите да ја прифатат квантната теорија. Неговата книга „Теоретска хемија од гледна точка на Авогардовиот закон и термодинамиката“, од 1893 година, била повеќепати печатена и била сметана за главен учебник по физичка хемија. Во подоцнежните години од животот Нернст се посветил претежно на астрофизиката. Публикации
Валтер Нернст, "Расудување на теоретска хемија: Девет трудови (1889-1921)" (Гер., Begründung der Theoretischen Chemie: Neun Abhandlungen, 1889-1921). Frankfurt am Main: Verlag Harri Deutsch, 2003. ISBN 3-8171-3290-5 Валтер Нернст, "Теоретски и експериментални основи на новата теорема за топлина" (Гер., Die theoretischen und experimentellen Grundlagen des neuen Wärmesatzes). Halle [Ger.] В. Knapp, 1918 [tr. 1926]. Валтер Нернст, "Теоретска хемија од гледна точка на Авогардовиот закон и термодинамиката" (Гер., Theoretische Chemie vom Standpunkte der Avogadroschen Regel und der Thermodynamik). Stuttgart, F. Enke, 1893 [5-то издание, 1923 г.].
Поврзано
Лудвиг Болцман Макс Планк Алберт Ајнштајн Ирвинг Лангмјур
Наводи
Надворешни врски
Шмит, Улрих, "Walther Nernst". Физичко-хемиски нститут, Гетинген
Категорија:Родени во 1864 година Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Германски нобеловци Категорија:Германски хемичари Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Термодинамичари Категорија:Физичари од 19 век Категорија:Физичари од 20 век Категорија:Хемичари Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Унгарската академија на науките Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од I класа Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Членови на Торинската академија на науките