Горе лево: Близуземскиот астероид снимен од радарската антена ДВМ Горе десно: Слаб близуземски астероид (означен со круг) снимен од телескопот МГТ Средина: Близуземскиа комета 103P/Хартли снимена од сондата на НАСА Дип Импакт Доле: Познати се околу 18.243 БЗТ, поделени во неколку орбитални подгрупи

Близуземско тело (БЗТ) или близуземски објект — вид мали тела во Сончевиот Систем, чија орбита ги носи во близина на Земјата. По определба, близуземско тело е тело од Сончевиот Систем ако најмалото растојание на телото до Сонцето (перихел) е помал од 1,3 астрономски единици (ае). Доколку орбитата на близуземјиниот астероид минува низ Земјината орбита и има пречник поголем од 140 m, се смета за потенцијално опасно тело (ПОТ). Најпознати БЗТ и ПОТ се астероидите.

Постојат повеќе од 17.000 близуземски астероиди, од кои стотина се краткопериодични близуземски комети, и бројни околусончеви летала и метеороиди доволно големи за да се следат во вселената пред да се судрат со Земјата. Денес е прифатено дека судирите во минатото имале значајна улога во образувањето на геолошката и биолошката историја на Земјата. Близуземските астероиди поттикнале зголемен интерес од почетокот на 1980-ите поради зголемената свесност за потенцијалната опасност од астероидите или кометите, и се изнаоѓаат начини за избегнување или намалување на опасноста.

Засновано на орбиталните пресметки на БЗТ, ризикот од идните судири се проценува според две скали, Торинската скала и посложената Палермска скала, при што и двете го проценуваат ризикот со вредности поголеми од 0. Некои БЗТ имале позитивни почетни вредности на Торинската или Палермската скала по нивните откривања, но од март 2018 година со попрецизните пресметки и постепени набљудувања во повеќето случаи доведува до намалување на вредностите до или под 0.

Од 1998 година, САД, ЕУ, и другио земји го набљудуваат небото во потрага на БЗТ преку проект наречен Спејсгард. Основната цел е да се каталозираат најмалку 90% од БЗТ кои се со пречник поголем од 1 км, односно астероид кој би предизвикал катастрофа од светски размери доколку се судри со Земјата. Подоцна, проектот е проширен на тела со пречник поголем од 140 m, кои сепак можат да предизвикаат штети од големи размери, но не во светски рамки.

Поради нивните орбити слични на онаа на Земјата и малата површинска гравитација, БЗТ се лесни мети за вселенските летала. Од март 2018 година од стрнана на вселенски летала се посетени пет близуземски комети и три близуземски астероиди а кон две тела сè уште патуваат две сонди. Постојат и планови од приватни компании за рударско искоритување на астероидите.

Дефиниции

Близуземските тела (БЗТ) се мали тела од Сончевиот Систем чии орбити околу Сонцето се на растојанија од 0,983 и 1,3 астрономски единици (ае) од Сонцето. Ова значи дека БЗТ не се тела кои се во близина на Земјата, туку тела кои може потенцијално да се приближат на мошне мали растојанија.

Кога ќе се забележи БЗТ, како и сите останати мали тела во Сончевиот Систем, се поднесува до МАС, односно до Центарот за мали тела (MPC) за да се каталогизира. Самиот каталог содржи посебни списоци за потврдени БЗТ и потенцијални БЗТ. Некои од орбитите на БЗТ ја пресекуваат Земјината орбита и можен е судир со Земјата. Овие тела се сметаат за потенцијално опасни тела (ПОТ). За астероидите меѓу ПОТ, потенцијално опасните астероиди (ПОА), центарот за мали тела води посебни списоци. БЗТ се исто така каталогизирани од две посебни тела на САД, Лабораторијата за реактивен погон (ЛРП) и од (НАСА): центарот за изучување на близуземски тела (ЦИБЗТ) и Динамичката група на Сончевиот Систем.

ПОА моментално се дефинирани според параметрите кои ја одредуваат потенцијалната опасност за судир при блиското преминување кон Земјата. Поголемиот број на тела со минимално пресечно орбитално растојание (МПОР) од 0,05 ае или помалку и апсолутна ѕвездена величина од 22,0 или посветли (груб показател за нивната големина) се сметаат за потенцијални ПОА. Телата кои не можат да се приближат поблиску до Земјата (т.е. МПОР) од , или се со пречник помал од 140 m (т.е. H = 22, или албедо од 14%), не се сметаат за ПОА. Каталогот на НАСА за близуземските тела ги вклучува и приближувачките растојанија за астероидите и кометите изразени во месечеви растојанија.

Историја на човековата свесност за БЗТ

Првите БЗТ набљудувани од луѓето се кометите. Нивнотом вонземска природа била призната и потврдена по обидите на Тихо Брахе да го определи растојанието до кометата од 1577 година, а периодичноста на кометите била утврдена во 1705 година од страна на Едмонд Халеј кој тогаш ги објавил неговите орбитални пресметки за повратното тело денес познато како Халеева Комета. Појавата на Халеевата Комета во 1758-1759 година било првото однапред предвидено појавување на комета.

Првиот БЗТ кој бил откриен е 433 Ерос во 1898 година. Астероидот бил цел на многубројни акции за набљудување, бидејќи мерењата на неговата орбита овозможиле прецизно определување на растојанието на Земјата од Сонцето.

Во 1937 година, бил откриен астероидот 69230 Хермес кога минал на растојание двапати поголемо од растојанието меѓу Земјата и Месечината. Хермес се сметал за потенцијално опасен астероид бидејќи бил загубен по неговото првично набљудување, односно прецизно не се знаеле неговата орбита и потецијалната можност за судир со Земјата. Хермес е повторно откриен во 2003 година и е утврдено дека не претставува моментална опасност за Земнјата.

На 14 јуни 1968 година, астероидот со пречник од 1,4 км 1566 Икар поминал покрај Земјата на растојание од , или на растојание 16 пати поголемо од растојанието Земја-Месечина. Во текот на своето приближување, Икар била првата мала планета набљудувана со употреба на радар, а мерењата била определени од Хајстаковата опсерваторија и од Голдстоновата опсерваторија. Ова било првото блиско приближување кое било предвидено години однапред (Икар е откриен во 1949 година), и привлекол значајно внимание од јавноста, поради вознемирувачките вести. Година дена пред приближувањето, студентите на МИТ го започнале проектот Икар, осмислувајќи план за поместување на астероидот со помош на ракети доколку истиот се приближува и ќе се судри со Земјата. Проектот Икар бил централна вест на информативните гласила, и бил инспирација за филмот Метеор од 1979 година, во кој САД и СССР се здружени во целта да уништат парче на астероид кој ќе се судрел со Земјата, а претходно се судрил со комета.

На 23 март 1989 година Аполонскиот астероид 4581 Асклепиј со прелник од 300 m ја промашил Земјата за 700.000 км. Доколку астероидот се судрел со Земјата ќе ја создадел најголемата забележана експлозија, со сила од 20.000 мегатони ТНТ. Го привлекол вниманието на јавноста бидејќи бил забележан откако поминал покрај Земјата.

Во март 1998 година, првичните орбитални пресметки за скоро откриениот астероид дае резултат за близок поремин во 2028 година на растојание од од Земјата, односно на растојание помало од орбитата на Месечината, но со голема грешка дека ќе има судир со Земјата. Со понатамошното прибирање на податоци утврдено едека астероидот во 2028 година ќе мине на растојание од , при што не постои можност за судир. Но додека да се дојде до овој податок првичните прогнози создале голема паника во јавните гласила.

Опасност

Кон крајот на 1990-ите, вообичаен појдовен систем за пронаоѓање на БЗТ, бил преку научната замисла опасност. Во оваа рамка, опасноста од БЗТ вообичаено се разгледува преку функција од културата и технологијата на општеството. Низ историјата, луѓето ги поврзувале БЗТ со променливатан опасност заснована на верувањата, филозовските и научни погледи, како и технолошката и економската способност на човештвото да се справи со овие опасности. Затоа, дел од БЗТ се сметале за предвесници за природните катастрофи или војни, безопасен набљудувач од непроменливиот универзум, изворот на настани кои го промениле светот или пак извор на отровни испарувања (како на пример за време на преминот на Земјата низ опашката на Халеевата Комета во 1910 година), и конечно како причина за создавањето на кратери и удари кои биле причина за масовните истребувања.

За близуземските комети, потенцијалот од катастрофални удари бил препознаен веднаш кога орбиталните пресметки обезбедиле разбирање за нивните орбити, во 1694 година, Едмонд Халеј претставил теорија дека Ноевата поплава во Библијата била предизвикана од удар на комета. Човековото восприемање на БЗТ како безопасни тела за набљудување до тела убијци со голема опасност за општеството предизвикало повлекување или поплава во кусиот период на човековата историја во која БЗТ биле научно изучувани. Современата свесност за опасноста од ударите кои создаваат кратери поголеми од самото тело и имаат индиректни ефекти на поголем дел од областа се пројавиле во научната заедница во 1980-ите, по потврдувањето на теоријата за ударот пред 65 милиони години причина за масовно изумирање (при кој диносаурсите изумреле) бил предиузвикан од голем астероиден удар.

Свесноста на пошироката јавност опасноста од удар, се зголемила по набљудувањето на ударот на деловите на кометата Шумејкер-Леви 9 во Јупитер во јули 1994 година. Во 1998 година, филмовите, Длабок удар и Армагедон го популаризирале гледиштето дека БЗТ можат да предизвикаат катастрофални удари. Исто така во овој период, се појавува и теоријата на заговор за можниот судир во 2003 година со замислената планета Нибиру, којам опстпјувала на интернетот како што датумот за можниот судир бил поместен во 2012 година а подоцна во 2017 година.

Скали за опасност

Постојат два начини за научно класифицирање на опасноста од судири со БЗТ: едноставната Торинска скала, со која се мерат опасностите од судири во следните 100 години според ударната енергија и веројатноста за судир, користејќи цели броеви помеѓу 0 и 10; и сложената Палермска скала, која им доделува ранкови кои можат да бидат цели позитивни или негативни броеви, и е функција од позадинската судирна честота, веројатноста за судир и времето до судирот.

На двете скали, опасностите за загриженост се означени со вредности поголеми од нула.

Годишната позадинска честота на судири која се користи во Палермската скала е проценета на долгогодишните просечни честоти на судири, како функција од судирната енергија. Палермската скала користи една определена проценка за оваа функција, но точната функција поседува голема несигурност, и други проценки биле објавени во тој период при самото создавање на скалата.

Високоозначени опасности

НАСА одржува автоматизиран систем за да ја процени заканата од познатите БЗТ во текот на следните 100 години, по што се создава постојано надградуваната табела на опасности наречена Сентри. Сите или скоро сите тела имаат голема веројатност да бидат отстранети од списокот, како што пристигнуваат повеќе податоци добиени преку набљудувањата, со што се намалуваат неодреденостите и се добиваат попрецизни орбитални предвидувања.

Во март 2002 година, станува првиот астероид со позитивно рангирање на Торинската скала, со веројатност 1 од 9.300 за можен судир во 2049 година. По повеќе набљудувања, ризикот за судир е намален на 0 и астероидот бил отстранет од табелата за опасности во април 2002 година. Денес се знае дека во следните два века, че мине покрај Земјата на 31 август 2080 година на безбедно растојание од .