Seavus (на кирилица: Сивус) — меѓународна компанија за развој на софтвер и советодавни услуги. Седиштето на групацијата е во Малме, Шведска. Групацијата обезбедува производи за различни оддели во големи компании и владини агенции. Сивус опфаќа над 50 милиони мобилни претплатници преку своите клиенти.
Игор Лештар е Претседател на Управниот одбор на компанијата, а Коча Бошку е Генерален извршен директор.
Историја Сивус е основана во 1999 година во Малме, Шведска, со цел да обезбеди напредни деловни софтверски производи за своите клиенти.
Во 2003, компанијата ја пушта првата верзија на Seavus Project Viewer.
Во 2004, компанијата ја отвора првата канцеларија во САД со што се шири надвор од Европа за да ги покрие пазарите во Северна и Јужна Америка.
Во 2009, Сивус ги пушта првите верзии на Seavus Project Planner и Savus DropMind; вториот производ е ребрендиран во iMindQ во 2014.
Во 2011 и 2012, TM Forum ја номинира компанијата за наградата „Solution Excellence Award“.
Во 2012, компанијата го претставува Crystal Qube на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Шпанија. Истата година, BestAppEver го доделува третото место на iOS играта Yatzy Ultimate за најдобра игра со зарови и третото место на Black Jack Ultimate за најдобра казино игра.
Во 2013, најновото решение за платформата за игри и платежни методи, Seavus Guardians, е презентирано на 12тиот Европски конгрес и експо на iGaming (2013) – најголемиот европски настан на игри во Барселона. Само еден месец подоцна, објавени се уште 6 игри од тимот за игри на Сивус.
Во 2014, Сивус го лансира Neuron Gaming Solutions, производ за интернет коцкање и оператори за обложување.
Во 2015, тимот за игри на Сивус ја лансира играта Yatzi Ultimate за Android. Истата година, компанијата продолжува со раст на скандинавскиот пазар преку аквизиција со OnTrax AB, компанија за информатички технологии и советодавни услуги во Стокхолм.
Во 2016, компанијата отвора Сивус инкубатор со цел да поддржи визионерни стартап компании.
Работење Сивус има 15 канцеларии сместени во 8 земји: Шведска, САД, Македонија, Белорусија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, и Молдавија со постојана стратегија за раст.
Компанијата опслужува мултинационална база на клиенти која вклучува повеќе од 3,500 организации. Сивус е Златен партнер на Мајкрософт (Microsoft Gold Partner), а исто така има склучено партнерство со Oracle, Cisco, IBM, Serena Software, ABBYY, Atlassian,Cherwell.
Производи и услуги Сивус групацијата испорачува BSS/OSS услуги за телекомуникациски претпријатија, системи за раководење на однос со корисници, системи за управување со искуства на корисници, системи за наплата, решенија за банки и претпријатија во финансиски, трговски и фин-тек индустрии, решенија за осигурување, DWH и решенија за деловна интелигенција, управување со животен циклус на апликации, вградено програмирање и управувани услуги. Компанијата целосно го опфаќа менаџментот на животниот циклус на апликациите, од анализи на барања до употреба, интеграција и целосна поддршка во процесот на изработка.
Сивус е производител на Crystal Qube – решение за искуство на клиенти кое ги трансформира сите податоци на клиентите во деловна интелигенција.
Денес, Сивус е глобално овластен дистрибутер на следните софтверски решенија:
• Seavus Project Viewer - софтвер за управување со проекти, дизајниран да им помогне на корисниците (членовите на тимот, водачите на тимот, акционери на проектот и други учесници) да ги прегледаат нивните проектни задачи, да ги испечатат информациите за проектот и да го следат целокупниот статус на проектот. Софтверот чита .mpp формат.
• iMindQ - софтверска апликација за создавање на когнитивни мапи и бура на идеи која им помага на корисниците во зачувување на креативни идеи, меморирање и подобрување на мисловните процеси, справување со премногу информации и нивно менаџирање, како и менаџирање на задачи и проекти преку употреба на концепт-мапи, дијаграм на тек и когнитивни мапи. Нелинеарниот и логичниот пристап во скицирањето идеи преку когнитивни мапи помага при поединечна или групна бура на идеи.
Наводи
Категорија:Шведски претпријатија