Скопско цреша — сезонско пиво што се произведува од страна на Пивара Скопје. Скопско цреша се состои единствено од природни состојки, содржи арома и сок од цреша и има 4 % алкохол. Ова пиво има уникатна производствена технологија во која аромата и сокот од цреша се додаваат во текот на производството на пивото. Карактеристично е по својот слатко-киселкаст вкус на цреша, интензивната незаборавна црвена боја и густата пена.

Скопско цреша започнало да се произведува во 2015 година.

Наводи

Категорија:Македонски пива Категорија:Пивара Скопје Категорија:Алкохолни пијалаци