Adeva (на кирилица Адева) — македонска стартап компанија која работи со софтверски компании и технолошки стартапи. Основната услуга на компанијата е помош при создавање или проширување на програмерски тимови со дистрибуирани програмери (софтверски инженери, дизајнери и инженери за контрола на квалитет). Компанијата има детален процес на избор и оценка на талентите со кои работат, а особен акцент ставаат на личните одлики на талентите.
Компанијата има започнато и поддржано бројни иницијативи за развој на технолошкиот и еко-системот на стартапи во Македонија, како на пример Femalebootcamp, GoogleIO и Hacktoberfest.
Историја Adeva е основана во јануари 2015 година од двајца софтверски инженери со цел поврзување на локалните таленти со врвни стартапи од САД, но подоцна се имаат проширено и на пазарот во Европа.
Во ноември 2016, компанијата била издвоена како компанија на иднината од страна на локалниот медиум Reborn.
Наводи
Категорија:Македонски софтверски компании