Благој Хаџи Панзов (роден во Велес, на 18 декември 1911) — македонски правник и комунистички активист.

Животопис Завршил право и работел како стажант-адвокат. Во 1938 година е дел од делегацијата од Вардарска Македонија на чело со Димитар Ѓузелов, која се среќава во Белград со д-р Влатко Мачек, водач на хрватското национално движење и главен претставник на здружената опозиција во Југославија.

Во текот на НОБ бил член на Акциониот народно-ослободителен комитет (АНОК) и како член на АНОК, заедно со Киро Глигоров го напишал Приговор кон Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. На 30 април 1944 година е избран за член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува како делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.

По Ослободувањето станува помошник на јавниот обвинител на Југославија. Во 1947 година е назначен за секретар и советник во југословенската амбасада во Софија,КГБ призна: Сталин убил Георги Димитров, „Блиц“, 23.06.2012. но подоцна е отстранет од службата.Ангелов, Веселин. Македонският въпрос в българо-югославските отношения (1944 – 1952), УИ „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.439. Во април 1949 година Јосип Броз Тито во политичкиот реферат пред Третиот конгрес на Народниот фронт на Југославија, за Хаџи Панзов пишува:

Во декември 1949 година е обвинет во процесот против Трајчо Костов. Осуден е на 15 години строг затвор и глоба од 300.000 лева.Главна прокуратура на Народната република България. Обвинителен акт, во: Процесът срещу Трайчо Костов и неговата група, София, 1949, стр. 599.България 20 век. Алманах, ИК Труд, 1999, стр. 1172.„НАРЕДБА-ЗАКОН ЗА СЪДЕНЕ ОТ НАРОДЕН СЪД ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ВЪВЛИЧАНЕ БЪЛГАРИЯ В СВЕТОВНАТА ВОЙНА СРЕЩУ СЪЮЗЕНИТЕ НАРОДИ И ЗА ЗЛОДЕЯНИЯТА, СВЪРЗАНИ С НЕЯ“ (Обн., ДВ, бр. 219 от 6.10.1944 г., изм., бр. 261 от 1944 г., бр. 9 от 12.01.1945 г.) Помилуван е во октомври 1955 година.

Поврзано Ганчо Хаџи Панзов Петар Хаџи Панзов

Наводи

Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Луѓе од Велес