Единствена назнака за состојки (, UNII) — систем на азбучнобројчени назнаки на Системот за заведување на супстанции (SRS) во надлежност на Управата за храна и лекови (FDA) и Фармакопејата на САД (USP).

Системот им дава трајни и единствени назнаки на супстанциите во производи како лекови и биолошки преработки. За секоја супстанција има запис со опис на молекуларната структура, претставена на дводимензионална рамнина. Во случаите кајшто отсуствува молекуларна структура (на пр. ботанички материи), UNII е определен со описни информации.

Со системот раководи посебен одбор од членови на управата и фармакопејата.

Примери Назив UNII Метадон хидрохлорид 229809935B Метадон UC6VBE7V1Z Вода 059QF0KO0R

Наводи

Надворешни врски

Состем за заведување на супстанции — Единствена назнака за состојки (UNII)

Категорија:Системи на фармаколошка класификација