Асен Симитчиев (роден во Скопје, 24 ноември 1916 — 1996) — македонски универзитетски професор и политичар.
Животопис
Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1939 година. За време на НОБ, тој бил делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
Докторирал во 1960 година, на Економскиот факултет во Скопје, на тема: „Економско-политичките фактори кои упатуваат на решавање на проблемот на недостатно развиените подрачја во ФНРЈ“. За доцент бил избран во 1953 година, за вонреден професор во 1961 година и за редовен во 1966 година, на Правно-економскиот, односно на Економскиот факултет во Скопје. На Правниот факултет предавал социјализам со економика на СФРЈ, како хонорарен наставник.
Бил републички пратеник, помошник министер за индустрија, потпретседател на Планската комисија на НРМ, помошник претседател на Стопанскиот совет на НРМ, заменик-министер за индустрија и градежништво, секретар на Секретаријатот за општи стопански работи на НРМ, член на Извршниот совет на НРМ, секретар на Секретаријатот за труд, потпретседател на Извршниот совет на СРМ, претседател на Советот за стопанство на ИС, претседател на Стопанската комора на СРМ.
Покрај тоа, бил претседател на Сојузот на економистите на Македонија, претседател на Одборот за научно-истражувачки работи и развој при Сојузната стопанска комора, член на Претседателството на СК на ССРНЈ, сојузен пратеник, член на Уставотворната комисија на Сојузната скупштина, претседател на Комисијата за ревизија и кодификација на прописите од секторот на прометот во земјата и во странство, член на Одборот за општествено-економски односи во Сојузната скупштина, член на Сојузниот економски совет, член на Советот за координација на научните дејности и др.Биографија на Правниот факултет „Јустинијан I“
Наводи
Категорија:Родени во 1916 година Категорија:Починати во 1996 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“