Никола Караколев (роден 24 август 1987 во Куманово) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во Еуро Никел 2005. мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05 мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05.2018 мини|(Куманово - Академик Бултекс БИБЛ Лига) 2017г. мини|(Куманово - Академик Бултекс БИБЛ Лига) 2017г. мини|(Куманово - Академик Бултекс БИБЛ Лига) 2017г. мини|(Куманово - Блокотехна) 2017г. мини|(Куманово - Блокотехна) 2017г. мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г. мини|(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г. мини|(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г. мини|(Куманово - МЗТ) 10.11.2017 мини|(Куманово - Фени индустри) 12.11.2017

Животопис Никола Караколев иако е роден во Куманово, тој бил израснат во Штип.

Клупска кариера Во сезоната 2006/07, Караколев продолжил во редовите на МЗТ Аеродром. Сезоната 2007/08, Никола ја започнал во МЗТ Аеродром. Но за втората полусезона од Лигата, тој се преселил во Работнички. Во сезоната 2008/09, Караколев со Работнички, станал првак во Првенството и вицепрвак во БИБЛ 2008/09. За сезоната 2009/10, Караколев потпишал за Торус. Со Торус, Никола станал вицепрвак во Купот 2010. Во Торус, Караколев продолжил и во сезоната 2010/11. За сезоната 2011/12, Никола останал во Торус. Откако Торус се распаднал, Караколев заминал во второлигашот Гоце Делчев од Штип, таму започнувајќи ја второлигашката сезона 2012/13. Но во јануари 2013 година, се преселил во Лирија и таму ја завршил Првата лига 2012/13. Во Лирија продолжил и во сезоната 2013/14. Тогаш, Караколев со Лирија станал вицепрвак во Купот 2014. Во сезоната 2014/15, Караколев заиграл за новиот прволигаш Гоце Делчев. Поради распадот на Гоце Делчев, Караколев потпишал за второлигашот Шкупи и таму ја започнал сезоната 2015/16. Таму не останал долго и во декември 2015 се преселил во Куманово. Таа сезона, Караколев со Куманово бил вицепрвак во Првенството. Сезоната 2016/17 ја минал во кумановскиот клуб, откако го обновил договорот. Во сезоната 2017/18, Караколев продолжил да настапува за Куманово. За сезоната 2018/19, Караколев се преселил во редовите на Кожув. Караколев ја променил средината и потпишал за Еуро Никел 2005 за сезоната 2019/20. За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој започнал да преговара со Еуро Никел. На крајот на јуни, тој го потпишал договорот на една сезона со кој ја продолжил соработката со Еуро Никел.

Успеси

Работнички Прва македонска лига (1) : 2008/09

Признанија Најдобар кошаркар од Куманово за 2017 година Почесно споменување во сезоната 2018/19

Наводи

Надворешни врски Профил на Никола Караколев на eurobasket.com Профил на Никола Караколев на fiba.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Куманово Категорија:Кошаркари од Штип Категорија:Родени во 1987 година