Свирипиле (познато и како: царопиле) — вид на макало или прелив, односно сос кое се прави од толчен црвен буковски пипер, масло и вода. Најчесто се сервира со домашен потпечен леб, посебно во есенските и зимските месеци. Некои го јадат како макало, а некои како прелив. Познато е за регионот на Битола и Прилеп.
Потекло на името
Се смета дека македонското и единствено „свирипиле“ името го добило многу одамна кога на некое детенце му се пријало, а бабата направила „нешто“ со пиперки и го олутела. За да не плаче внучето, почнала да му вика „Свири пиле, свири пиле!“. Оттогаш, така останало меѓу народот.
Во селото Буково свирипилето е познато и како „солило“, а во Битолско, со додаток на маслинки, го викаат „макарина“.
Начин на приготвување Свирипиле се подготвува од буковски пипер, масло и вода.. Во загреан сад се става масло. Се додаваат малку буковски пипер и вода. Смесата се промешува додека не зоврие, а потоа се ставаат и сушено нане и лук. Некои семејства, пак, свирипилето го прават од брашно, сол, пипер и домашен сос од домати. Се ова се става во загреано масло, а откако ќе зоврие, му се додава нане. Подготвеното свирипиле најчесто се сервира со домашен потпечен леб, но може да се сервира и во комбинација со домашни печени колбаси. Според други извори, „свирипиле“ се прави од суви пиперки, лук, масло, киселина, малку вода, сол и нане. Можно е да има и други модификации или додавки.
Галерија
Наводи
Категорија:Јадења Категорија:Македонска кујна