Хатохобеј (тобиски и англиски: Hatohobei) — најјужна сојузна држава (покраина) во Палау. Оваа сојузна држава е составена од островот Тоби и Хеленовиот Гребен. Според уставот на Палау во оваа држава спаѓа и Транзитниот Гребен, најјужна географска маса на Палау, но сепак тоа се однесува на подводен песочен гребен. Вкупната површина на оваа сојузна држава е 0.88 км2. Овие острови, заедно со Сонсорол, ги сочинуваат Југозападните Палауански Острови.
Историја Во декември 2012 година државата претрпела силен удар и големи штети од тајфунот „Бофа“. Луѓето од Хатохобеј биле евакуирани во Акебесанг во Корор. Вкупно имало 41 лице од островот Тоби и 3 од Хеленовиот Гребен. По тајфунот, државата им дала земјиште на луѓето од Хатохобеј во Сонсорол и сега живеат таму, наместо на Тоби.
Демографија Според податоците од 2014 година, државата имала население од 40 жители, а историски гледано во 1962 година имала 80 жители, во 1995 имала 51 жител и во 2000 имала 23 жители. Службени јазици во оваа сојузна држава се англиски, тобиски и сонсоролски јазик.
бр. остров сателитскаснимка површина(км2) население 2016 координати 1 Тоби (Hatohobei) 0.85 40 2 Хеленов Гребен (Hotsarihie) 0.03 3 3 Транзитен Гребен (Pieraurou) - - - Хатохобеј 0.88 43
Острови Остров Тоби
Островот има вкупна површина од 0.6 км2 и се наоѓа во сојузната држава Хатохобеј во Палау. Островот е еден од најјужните во државата, заедно со Хеленовиот Гребен и Транзитниот Гребен. Целата сојузна држава Хатохобеј има 43 жители според податоците од 2016 година, а на островот Тоби живеат 40. Останатите живеат на Хеленовиот Гребен. Сите во државата зборуваат на тобиски јазик. Вкупната должина на островот е 1.6 километри, а широк е 0.8 километри.Основни информации за островот Тоби на англиски јазик. На островот се наоѓало селото Хатохобеј, кое било главен град на сојузната држава.
Хеленов Гребен
Хеленовиот Гребен (Hotsarihie) е на 70 километри источно од островот Тоби. Гребенот е всушност подводен атол, а само едно мало островче е видливо над водната површина. Атолот е долг 25 километри и широк е околу 10 километри. Лагуната на островот има вкупна површина од 103 км2, а вкупната површина на целиот атол е 163 км2. Влезот во лагуната е на западната страна. Јужно од каналот/ влезот се наоѓа Раун Рок, карпеста формација која повремено се суши. Лагуната има 85 видливи гребенести формации.
Кога има осека, водата од лагуната истекува од сите страни и тогаш гребенот е видлив. Само мал број делови од гребенот се постојано суви.
Единствениот остров од Хеленовиот Гребен е Хелен. Островот се наоѓа во северниот дел на гребенот и во споредба со гребенот островот е многу мал. Хеленовиот Остров е широк од 20 до 40 метри, а дол е 400 метри. Вкупната површина на островот е 0.03 км2. Островот не е населен. На островот има ренџерска станица која го заштитува гребенот. Таа работи во текот на целата година и има постојано 3 вработени лица. Од Европејците гребенот бил откриен во 1773 година од Фелипе Томпсон кој го именувал како „Сан Феликс“.Brand, Donald D. The Pacific Basin: A History of its Geographical Explorations The American Geographical Society, New York, 1967, p.132.
Транзитен Гребен
Транзитниот Гребен (Pieraurou) на некои карти се позицинира на околу 50 километри источно од Хеленовиот Гребен. Овој гребен се именува како остров во уставот на државата и воедно е најјужна географска форма на државата. Како остров сепак е оспорен и често не се појавува во списоците на острови во овој регион на Океанија. Всушност, најверојатен опис е дека сепак името се однесува за подводен песочен масив.
Образование Образовните активности и институции се дел од Министерството за образование на Палау. Во Хатохобеј има едно основно училиште кое е отворено во 1962 година и има еден наставник."Hatohobei Elementary School ." Ministry of Education (Palau). Посетено на February 22, 2018. Децата од Хатохобеј своето средно образование го продолжуваат во Корор, каде се наоѓа единственото државно средно училиште."About ." Palau High School. Посетено на February 22, 2018.
Наводи Палау Тобиски јазик Остров Тоби
Наводи
Надворешни врски Проект Хеленов Гребен, Seacology
Категорија:Хатохобеј