Пуло Ана или Пуро (англиски и сонсоролски: Pulo Anna) — мало островче во сојузната држава Сонсорол во Палау.
Географија Пуло Ана е мал остров, дел од групата на Југозападни Палуански Острови. Вкупната површина на островот е 0,5 км2. Денес овој остров не е населен поради евакуацијата за време на тајфунот од 2012 година. На островот има напуштено село познато како Пуро.
Островот е прекриен со густа шума и на бреговите има плажи. Целиот остров е опколен од корален гребен.
Островот Мерир е на 50 км оддалеченост од Пуло Ана.
Историја Првите европски записи за островот датираат од ноември 1710 година. Тогаш на островот пристигнала шпанската мисионерска експедиција под раководство на Франсиско Падилја.Rienzi, M.L. Historia de la Oceanía, o quinta parte del mundo, Barcelona, 1845-1846, vol.2, p.78
Галерија
Наводи
Поврзано Сонсорол Палау
Категорија:Острови во Палау Категорија:Сонсорол Категорија:Ненаселени острови