Нгаруангел (англиски и палауански: Ngaruangel) е гребен во сојузната држава Кајангел во Палау.

Географија Гребенот Нгаруангел со координати е атол кој се наоѓа на 8.7 километри северозападно до атолот Кајенгел. Атолите се одвоени од преминот Нгаруангл, длабок проток кој има длабочина од 629 до 786 метри. Атолот е долг 5.4 километри во правец север-југ, а широк 1.8 километри во северниот дел и 3.7 километри во јужниот дел. Вкупната површина на атолот заедно со лагуната е 15 км2. Лагуната е плитка со просечна длабочина од 6 метри. Во северниот дел на лагуната има премин за бродови. Дното на лагуната е песочно. На атолот има само еден ненаселен мал остров, островот Нгаруангел.

Остров Нгаруангел Островот е мал и не е населен. Островот се наоѓа во централниот дел на источниот крај на атолот, односно најисточната точка. Должината на островот е 200 метри во правец север-југ, и широк 65 метри во јужниот дел или 105 метри во северниот. Има и песочен гребен до островот, во правец југозапад кон лагуната, со должина од 75 јметри и ширина од 20 метри. Вкупната површина на островот е 1.5 хектари. Островот е корална карпа со остри и груби камења. Песокот се наоѓа само во делот кој е свртен кон лагуната. Надморската височина на островот е 1 метар. Нема вегетација на островот.

Поврзано Кајангел Палау

Категорија:Острови во Палау Категорија:Кајангел Категорија:Атоли во Тихиот Океан Категорија:Ненаселени острови