Чешкиот јазик (čeština или český jazyk) е западнословенски јазик кој е службен и доминантен јазик во Чешката Република. Јазикот го зборуваат околу 12 милиони луѓе во Чешка и чешката дијаспора. Чешкиот јазик е сроден и тесно поврзан со словачкиот јазик, но и со останатите западнословенски јазици.

Потекло на поимот Името на чешкиот јазик (čeština) потекнува од името на словенскиот народ Чеси (Češi). Чесите ја населуваат територијата на централна Бохемија и според словенската митологија името потекнува од основачот на чешката нација Чех.

Статус Чешкиот јазик го зборуваат најголемиот број од граѓаните на Чешката Република, каде е и службен јазик. Јазикот се користи на сите нива во чешкото општество, почнувајќи од владините установи па сè до трговијата. Во Словачката Република, чешкиот јазик е признат за малцински јазик и се користи на локално ниво во областите со чешко население. Покрај тоа, чешкиот јазик е еден од 23 службени јазици на Европската Унија, која како таков бил признат во мај 2004 година.

Дијалекти 200px|right|thumb|Дијалектна карта на чешкиот јазик.

Чешкиот јазик е составен од повеќе дијалекти кои се меѓу себе разбирливи, а поради влијанието на медиумите разликите меѓу нив се намалуваат. Чешките дијалекти се поделени на 4 групиKarlík, Nekula, Pleskalová (2002), s. 393.: група чешки наречја - интердијалект средноморавски дијалекти источноморавски дијалекти шлески дијалекти

Пограничните предели со Германија имаат хетерогени говори.

Сродност со словачкиот

Говорниците на чешкиот јазик можат лесно да разберат пишан и зборуван словачки и обратно. Сепак, постојат некои дијалекти кои не можат да се разберат така лесно, па така некои источни словачки дијалекти се потешки за разбирање за Чесите. Луѓето кои се родиле по распадот на Чехословачка, имаат одредени проблеми со одредени изрази и зборови, како и со зборови кои се исти по форма, а различни по значење. Како лингвистичка споредба, во прилог следува извадок од Декларацијата за човекови права на двата јазика:

чешки: Všichni lidé se rodí svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství. словачки: Všetci ľudia sa rodia slobodní a sebe rovní, čo sa týka ich dôstojnosti a práv. Sú obdarení rozumom a svedomím a majú navzájom konať v bratskom duchu. македонски: Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општочовечкaтa припaдност.

Примери

Основни зборови македонски чешки земја země небо -nebe вода voda оган oheň маж muž жена žena јаде jíst пие pít голем velký мал malý ноќ noc ден den добар ден dobrý den добра вечер dobrý večer добра ноќ dobrou noc благодарам děkuji здраво Ahoj

Месеци Чешкиот јазик ги користи старите називи за месеците, за разлика од македонскиот кој ги користи новите.

македонскичешки ЈануариLeden ФевруариÚnor МартBřezen АприлDuben МајKvěten ЈуниČerven ЈулиČervenec АвгустSrpen СептемвриZáří ОктомвриŘíjen НоемвриListopad ДекемвриProsinec

Наводи

Поврзано

Чеси Чешка азбука Чехија Словачки јазик

Надворешни врски

Чешки јазичен институт Граматика на чешкиот јазик Чешки национален корпус Чешки речник Чешки речници

* Категорија:Јазици во Чешка Категорија:Јазици во Словачка