Дримски Залив ( или ) — залив и подводна котлина во Јадранското Море, северна Албанија. Има срповиден облик и се протега од устието на Бојана на север, преку приморскиот град Свети Јован, па сè до ’ртот Родон на југ. Брегот на заливот е сплет од песокливи плажи, песочни дини, ’ртови, соленоводни и слатководни бари, устија, борови и крајбрежни шуми, трскарници и крајбрежни пасишта.
Физички одлики Заливскиот брег е долг 60 км и просеан со спили и плажи во кои се влеваат разни водотеци. На подрачјето се одводнуваат бројни реки и образува својствен екосистем и биоразновидност. Залвиот е наречен е по реката Дрим, која тече низ планинските предели кон брегот, а други покрупни притоки се Исам и Матија. Приморјето е мошне ниско и поради тоа е покриено со бројни лагуни со различни облици и големини.
Животински и растителен свет Дримскиот Залив има релативно голема биоразновидност и долж брегот се воспоставени заштитени подрачја, меѓу кои Бојана-Велипоја на север, природниот резерват Куна-Вајн во средиштето и Паточка Лагуна во јужниот дел. Овие места се прогласени и за подрачја од важност за птичјиот и растителниот свет поради разните видови птици и растенија кои се застапени. Сета област е опфатена од сливот на Дрим и е официјално признаена како важно биоразновидносно жариште.
Заливот воедно е едно од најважните места за морските желки на Јадранот. По плажите се гнездат и пасат два загрозен вида: зелената и главестата желка. Морските цицачи се застапени со китови како Кивјеовиот клунест кит и делфини како пругавиот, Рисовиот и клунестиот.
Поврзано Географија на Албанија Албанско приморје
Наводи
Категорија:Заливи во Албанија Категорија:Заливи во Јадранското Море Категорија:Јадрански брег на Албанија Категорија:Леска (област)