Аја Напа чудовиште (грчки: Αγία Νάπα θαλάσσιο τέρας, турски: Ayia Napa deniz canavarı, англиски: Ayia Napa sea monster) е криптид кој се појавува долж брегот на популарното туристичко одморалиште Аја Напа на Кипар. Најмногу средби со ова суштество се случиле околу ‘ртот Греко.

Други називи Оваа суштество уште е познато под имињата: Аули (Auli), Кипарски Лох Нес (Cyprus Loch Ness), Суштество од длабчините (Creature from the Depths), или Пријателско чудовиште (Το φιλικό τέρας, The Friendly Monster);

Опис на криптидот Го опишуваат како големаа морска змија со долг врат, со две перки на градите и една на грбот, со долг врат, и опашка која наликува на опашка кај делфин. Локалните рибари зборуваат дека е пријателско суштество, и нема извештаи дека оваа суштество направило каква било штета.

Во митологијата Многу луѓе сметаат дека овој криптид всушност е Сцила, митско морско чудовиште од старогрчката митологија.Department of Antiquities - Archaeological Sites

Можно објаснување/Научен став за овој криптид Се смета дека во случајот со Аја Напа чудовиште се работело за крокодил кој бил држaн како куќно милениче, па подоцна незаконски пуштен во дивината."Famagusta">.

Наводи

Поврзано Криптозоолошки влекачи и водозeмци Морски чудовишта

Надворешни врски Аја Напа Аха Напа

Категорија:Криптозоологија